ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Богоев: За промени на Изборниот законик треба консензус, а не само желба на една партија

January 24, 2022 10:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ денеска до Парламентот ќе поднесат иницијатива за укинување на Пржинската предизборна техничка влада во која би требало да учествува и опозицијата. Тие бараат менување на десетина членови од Изборниот законик.

– Да се потсетиме како дојдовме до потреба за техничка влада. Тоа беше резултат на преговори. Техничката влада произлезе од она што го слушнавме во 2015 година од „бомбите“ како дравните институции се злоупотребувале во функција на изборите. Ако тоа беше причината, сега ми е драго што со ова барање опозицијата покажува дека оваа влада умее да организира фер и демократски избори, вели за „Утрински брифинг“ Стефан Богоев, поранешен градоначалник на Карпош и потпретседател на СДСМ.

Тој додава дека промените на Изборниот законик мора да дојдат по пат на пошироки разговори и консензус, а не произволно како што сака ВМРО-ДПМНЕ.

– За нас е спорен начинот и тајмингот за ова барање на ВМРО-ДПМНЕ. Тие соочени со неуспехот на нивните градоначалници брзаат да има предвремени избори. Ние треба да разговараме и со коалициските партии, но и со помалите партии за тоа дали воопшто има потреба од техничка влада. Се начна и прашањето за една изборна единица и тоа се сегменти од Изборниот законик и имаме време до 2024 година да ги отвораме овие прашања, вели Богоев.

Сепак, помалите партии рекоа дека на новата влада ѝ оставаат шест месеци. Во парламентот оваа влада зависи од неколку помали партнери, а на ВМРО-ДПМНЕ им се брза на избори и се обидуваат да ја искористат ситуацијата.

– Ние сме подготвени за промени на Изборниот законик, но треба да бидат подготвени и другите за изборите да бидат легитимни, вели Богоев.

Ако процесот на симнување на бугарското вето напредува во следните шест месеци, постои можност со цел постигнување на консензус со билатералниот договор да се излезе на предвремени избори.

– За темата со Бугарија слушаме едно во јавноста, а кога дојде бугарскиот премиер во Скопје реториката беше сосема поинаква, вели Богоев и додава дека е добро ако опозицијата се согласува со државните политики кои се стратешки важни.

Извор: Утрински брифинг

Next Post

Израел: Четвртата доза вакцина штити од потешка форма на Ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk