ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССМ до пратениците: Приоритет се платите на работниците, а не закони за укинување апанажи, избори..

January 25, 2022 12:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика пратениците  да ја изгласаат нивната иницијатива за законското решение за пораст на минималната плата со износ од 60 проценти од просечната плата или 18.000 денари. Преку соопштение денеска од ССМ им порачаа на пратениците од сите политички партии дека приоритет  треба да бидат платите на работниците, а не други закони за укинување на апанажи, избори…

Според ССМ, доколку пратениците веднаш да поднесат и изгласаат измени во Законот за минималната плата  ќе докажат дека навистина се грижат за работникот и неговата егзистенција во услови на ковид, економска и енергетска криза.

-Бараме политичките партии да не се препукуваат со поднесување предлог закони кои не се од егзистенцијална важност за работниците во време на економска, енергетска и ковид криза и наместо да го трошат времето и да одржуваат седници за лични нивни бенифити, да ја изгласаат иницијативата на ССМ за законското решение за пораст на минималната плата која бараме да биде 60 проценти од просечната плата или 18.000 денари, како и усогласување – зголемување на останатите плати согласно со  Законот за минимална плата кој е поднесен до Собранието и поделен од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери до сите пратеници, велат од ССМ.

Потсетуваат дека кој било пратеник или пратеничка група согласно Деловникот можат веднаш без одложување да го поддржат и предложат предлогот на ССМ, поради тоа што, посочуваат, сите се декларираат како политички партии дека се за работниците и се грижат за нив.

-Па затоа ги повикуваме сите политички партии: СДСМ со коалицијата, ВМРО со коалицијата, ДУИ, Алтернатива, Алијанса, БЕСА, Левица, ЛДП, ДОМ, Демократски сојуз веднаш да ги поднесат и изгласаат законските измени во Законот за минималната плата и со тоа да докажат дека навистина се грижат за работникот и неговата егзистенција во оваа ковид, економска и енергетска криза!, порачуваат од ССМ.

За работниците, укажуваат, е нејасно зошто пратениците кои земаат плата за четири до пет пати поголема од минималната плата, веднаш не седнат во пратеничките клупи и го поддржат и предложат Законот и да ја зголемат минималната плата на 18.000 денари кога имаат нивни роднини и пријатели кои работат за минимална плата, па колку повеќе го одолговлекуваат донесувањето на Законот  ќе бидат приморани на ист начин да се однесуваат работниците кон нив за време на избори и за исто толку да го одолговлекуваат гласањето на идните парламентарни избори./MИА/.

Next Post

Надал преку Шаповалов до полуфиналето на Австралија опен

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk