Работните групи ќе се состануваат секоја недела. Авионските линии што се договараат, засега ќе ги поврзуваат Скопје и Софија. Се разговарало и за уште една линија до друг град, но не е ништо конкретизирано, брифираат од македонската делегација во Софија.
Оттаму велат дека Министрите за надворешни работи на двете земји ќе ги продолжат разговорите за политичките прашања и дека треба да се дојде до решение базирано на европските вредности за да се заштити интересот на граѓаните од двете држави што ќе нè доведе до прва владина седица со Европската унија. Не треба да се враќаме назад и да се разговара за историја, се нагласува во брифингот.
Истакнуваат дека ќе се зголеми универзитетската поврзаност помеѓу универзитетите од Северна Македонија и Бугарија и ќе има поинтензивни научни конференции.
За прашањето за малцинствата и за впишување на Бугарите во Уставот, се вели дека се има став дека тие прашања треба да се решат во целина во одредена рамка, и дека ќе се придржуваме до резулуцијата на нашата држава. Ние мораме да го задржиме достоинството на двете страни, брифираат.
Ќе се најдат решенија низ институционалните реформи. Ќе се направи рамка за сите прашања и одлука за одреден процес што ќе се одвиваат долг временски период, се истакна на краткиот брифинг со новинарите.
М. Ацковска





