ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски – Лудва: Чешка била, е и секогаш ќе биде силен поддржувач на членството на Северна Македонија во ЕУ

January 26, 2022 12:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Чешката Република била, е и секогаш ќе биде истраен и силен поддржувач на амбициите на Северна Македонија да стане членка на Европската Унија, истакна новоименуваниот чешки амбасадор во земјава, Јарослав Лудва за време на предавањето на акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, нагласи дека двете земји ги поврзува традиционално и искрено пријателство засновано на разновидна соработка, меѓусебно почитување и отворен пристап, додавајќи дека со Чешка, која е важен сојузник и партнер на Северна Македонија, споделуваме заеднички европски вредности на меѓусебно разбирање и меѓусебна почит.

Истакнувајќи дека граѓаните на Република Северна Македонија високо ја ценат поддршката на Чешката Република за нашиот евроинтегративен процес, претседателот Пендаровски изрази уверување дека на неа може да сметаме и во иднина, особено за време на чешкото претседателство со Советот на Европската Унија во втората половина од оваа година.

– Во овој контекст, длабоко верувам дека натамошната блокада поставена од една од земјите членки на Унијата не е од ничиј интерес и убеден сум дека почетокот на пристапните преговори не само што ќе придонесе за натамошно стабилизирање на состојбите на Западниот Балкан, туку нам, како држава, ќе ни овозможи побрзо и поефикасно имплементирање на неопходните реформи, особено во оние сфери кои се критично важни за европската интеграција, посочи претседателот Пендаровски.

Чешкиот амбасадор нагласи дека билатералните односи и соработка се одлични, а Северна Македонија е ценет пријател и важен НАТО партнер додавајќи дека Чешката Република била, е и секогаш ќе биде истраен и силен поддржувач на амбициите на Северна Македонија да стане членка на ЕУ.

– Ќе продолжиме да ја поддржуваме агендата за проширување исто така и во рамките на претстојното чешко претседателство со ЕУ во втората половина на 2022 година, при што Западен Балкан ќе биде наш географски приоритет број еден. Подготвени сме да ви помогнеме и во вашите внатрешни реформи, споделувајќи ги на тој начин нашите искуства што ги стекнавме на нашиот сопствен европски пат, истакна амбасадорот Лудва.

Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор на Чешката Република, Јарослав Лудва, му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција. 

извор: МИА

Next Post

Брза акција на полицијата, криминалецот приведен за само 10 минути

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk