ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Разбиена организирана група на шверцери на дрога, приведени три лица, запленето 25,3 килограми марихуана

January 26, 2022 16:11
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата пресече транспорт на марихуана, со вкупна тежина од 25,3 килограми, вредна 50.000 евра, при што од слобода се лишени М.А. (63), Д.К. (45) и Ј.К. (82).

Акцијата е спроведена вчера од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје и ОВР Свети Николе, по спроведена истрага во координација на Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Во текот на јануари 2022 првопријавениот М.А. ја набавил дрогата и го ангажирал Д.К. на 24.01.2022 со рент-а-кар возило „Форд Фокус“, со скопски регистарски ознаки, да ја пренесе до викенд куќа на место Голиево во Мирковци, изнајмена од страна на првопријавениот.  На 25.01.2022, откако М.А. договорил купопродажба на 10 килограми марихуана во струмичкото село Василево, ги ангажирал Д.К. и Ј.К. да ја пренесат дрогата со возилото „Форд Фокус“ до викенд куќа во село Василево, а М.А. со остатокот од дрогата, со патничко возило „Шевролет Калос“ со скопски регистарски ознаки, се упатил кон Скопје.

– Истиот ден, на автопатот Скопје-Штип, во близина на место „Преод“, од страна на полициски службеници при извршен преглед на возилото „Форд Фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К., каде како совозач бил Ј.К., во задниот дел биле пронајдени вреќа со марихуана во вкупна количина од околу 10 килограми и торба со остатоци од марихуана, а кај лицата биле пронајдени пари во различни валути и апоени. Притоа, двете лица биле лишени од слобода, соопшти Сузана Прањиќ Талевска, портпарол на МВР.

Околу 14.00 часот на улица „Јадранска магистрала“, појасни таа, од страна на полициски службеници била извршена контрола на патничко возило „Шевролет Калос“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А., при што во  багажниот простор биле пронајдени торба со 30 пакувања марихуана, неколку засебни пакувања со марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана, во вкупна количина од над 15 килограми. И М.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против М.А., Д.К. и Ј.К., поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво  по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.

Next Post

ЦУК: Ризична зона на Матка, граѓаните да не се движат под карпата на десниот брег

НАЈНОВО

Во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето

October 25, 2025

Објава на Захарова, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

Скопје Air Fair во Градски парк

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk