ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Како членка на НАТО се подготвуваме за сите ризици по заедничката безбедност

January 27, 2022 21:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Досега околу 40 наши државјани во Украина се пријавиле за евакуација доколку дојде до воена состојба во таа земја. Министертсвото за надворешни работи пред неколку недели формирало работна група и ги контактирало за да направи  планови за евентуално нивно повлекување, соопшти министерот Бујар Османи.

-Засега нема уште потреба за тоа, но ако се појави потреба, нашите граѓани знаат каде да се јават и како ќе ги донесеме во Скопје. Договоривме аранжмани – една опција, за која разговаравме со Република Бугарија, е заеднички да ги пренесеме, и има некои алтернативни аранжмани. Како што ги извлековме нашите од Авганистан, сега сме спремни за сите сценарија. Но се надеваме дека дипломатските обиди ќе дадат резултат и дека нема да дојде до најлошото. А во случај на најлошото, се разбира дека НАТО ќе мора да реагира. Се разбира дека сме загрижени за тоа што се случува бидејќи руската агресија во Украина ќе биде сериозно загрозување и на европската и на светската безбедност, со сериозни реперкусии по меѓуународниот правен поредок и сувереноста и тероторијалниот интегритет на незвисните држави, рече Османи во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Истакна дека ја поддржуваме незавосноста, суверенитетот ни територијалниот интергритет на Украина, но и правото на секоја држава самостојно да ги избере своите надворешнополитички приоритети.

-Членка сме на НАТО и, се разбира, соодветно на нашето членство и се подготвуваме за сите ризици кон заедничката безбедност. Во основните принципи на НАТО е да се грижи за безбедноста на своите членки и партнерти. Ние сме членки на НАТО и согласно на тоа имаме обврски кон колективната безбедност, рече Османи на прашањето дали ќе учествуваме во прва војна како членки на Алијансата.

Засега се одвиваат дипломатски актвности помеѓу НАТО и Русија и ние, рече Османи, можеме да повикаме на деескалација на ситуацијата како најдобра можност за надмнуваење на состојбата, на  повлеклување на руските војски од границата со Украина и прекинување со хрибридните закани.

-Но ако дипломатијата не функционира, НАТО мора да биде спремна за заштита на своите членки, а ние сме дел од тој систем на колективна безбедност. Доколку ние би биле под таков напад, сигурно во други земји би било непопуларно да дојдат војници да не штитат нас, но треба да мислиме како би ни било нам. Затоа во овој процес треба да бидеме солидарни. Ова прашање не ја афектира само Украина, туку и меѓународниот правен поредок. Ако може секоја земја да нападне друга земја, тогаш се отвора патот на враќање на империите и тука се загрозуваат сите незвисни држави во светот, додаде министерот за надворешни работи.

извор: МИА
Next Post

Ковачевски: Прославата на Националниот ден на Србите е сведоштво за заедништвото во нашата земја што го градиме низ вековите

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk