ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска – Шаља Плавјанска: Продолжуваме  со воспоставување на ефикасен систем за сузбивање на насилството врз жените

January 27, 2022 18:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со шефицата на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, Афродита Шаља – Плавјанска и нејзиниот тим.

На работниот состанок се разговараше за досегашната соработка на УНФПА и Министерството за труд и социјална политика, идните планови и активности, како на централно ниво, така и на ниво на работни групи. Притоа, од страна на министерката Тренчевска беше потенцирано  дека политиките на новата Влада се во насока на унапредување на родовата еднаквост, сузбивање на родовите стереотипи и градење култура на ненасилство и недискриминација.

„Владата продолжува посветено да работи на исполнување на човековите права особено на ранливите категории, на зголемување на пристапот до квалитетни услуги, политики кои значат поголема грижа и можности за младите во нашата земја.  Градиме силно и обединето, кохезивно општество кое ги почитува достоинството и човековите права и овозможува еднакви можности и на мажите и на жените во сите сфери на животот, како услов за целокупен и одржлив политички, економски, демографски, социјален развој и напредок на земјата,“ рече Тренчевска.

На средбата акцентот беше ставен на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, меѓуинституционалната соработка, соработката со граѓанскиот сектор, како и поддршката од агенциите на Обединетите нации во земјава.

Беше потенцирана важноста од спроведувањето на општествени кампањи преку кои ќе се јакне јавната свест за препознавање на насилството во дел од средините каде владеат традиционалните стереотипи, семејната традиција како воспоставена пракса на однесување и на нерамномерна распределба на моќта во семејството  кое треба се преточи во координирана активност и тимска работа.

Шефицата на УНФПА Шаља-Плавјанска потенцираше дека реализацијата на проектите од петгодишната програма за Северна Македонија ќе продолжи, бидејќи тие се во интерес на сите граѓани, а особено ранливите категории.

Двете соговорнички изразија подготвеност за продолжување на досегашната соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНФПА, во областа на родово базираното насилство и генерално заштита и унапредување на човековите права.

Согласно Законот  за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство Владата формираше Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, кое е надлежно и за политиките од областа на родово-базирано насилството врз жените и семејното насилство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Задорожњук: Ги поканувам на соработка сите заинтересирани и нерамнодушни кон судбината на украинскиот Крим

НАЈНОВО

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

October 18, 2025

До 20:30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот 1.400 лица кои издржуваат казна затвор или притвор

October 18, 2025

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk