Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден 27.01.2022 спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 173 возачи, од кои 104 на територија на Скопје, 26 на територија на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Велес, соопштуваат од МВР.
При акциската контрола санкционирани се и 134 друг вид на сообраќајни прекршоци. Министерството за вантрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Исто така, апелираат до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правоила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.





