ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Обединет фронт за одбрана на Украина

Западот кажа убедливо „не“ на сите ултиматуми на Путин кон Украина. Вака функционира мрежната дипломатија, создавајќи ефект на стотици огледала за Кремљ: Русија од сите страни го слуша истиот став

January 29, 2022 11:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Дмитро Кулеба, Министер за надворешни работи на Украина

Дмитро Кулеба, Министер за надворешни работи на Украина

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДМИТРО КУЛЕБА
Министер за надворешни работи на Украина

Вестите влеаја страв кај многу Украинци. За себе, роднините, постарите, децата, за иднината на државата. Раководството на Русија заслужува да биде казнето веќе затоа што ги натера Украинците да го преживуваат тоа чувство.

Нам ни наметнуваат страв. Ние мора да одговориме со смиреност и издржливост.

Украина веќе го помина моментот на најголемата опасност во 2014 година, кога нашата држава беше слаба, а нашите партнери – неодлучни. Па дури и тогаш Владимир Путин не успеа да ја уништи независната украинска држава и да му го одземе правото на украинскиот народ да си го избере својот пат. Украина издржа и низ годините спроведе многу реформи, разви сериозни воени, економски и дипломатски мускули.

Овие недели и месеци, целиот украински дипломатски систем работи како модерен гаџет – со неверојатна брзина решава многу задачи во исто време, додека однадвор одржува непроменлив изглед. И оваа работа дава конкретни резултати. Успешно е консолидирано многу високо ниво на меѓународна поддршка за Украина. Западниот демократски свет денес зборува со агресивната Русија во еден глас. Нашите партнери одговорија силно „не“ на сите нелегални ултиматуми на Путин во врска со Украина.

Украина има добро осмислена дипломатска стратегија за спротивставување на руската ескалација. Сега кружат тврдења дека Украина наводно го потценува нивото на закана. Но, токму ние во ноември инициравме развој на сеопфатен пакет за одвраќање на Русија, кој вклучуваше три нивоа на чекори: активна дипломатија, строги економски санкции против РФ и продлабочена одбранбена соработка со нашата држава. Сега на оваа тријада е додаден нов елемент – помош за зачувување на економската и финансиската стабилност на државата.

Во текот на последните недели и месеци се водеа стотици преговори за спроведување на овој пакет. Резултатите сите ги гледаат. Количината на авиони со „аргументи“ за зајакнување на Вооружените сили на Украина од нашите сојузници. Согласувањето меѓу САД, Обединетото кралство, Канада и ЕУ за клучните параметри на пакетот санкции. Претходно за исклучувањето на Русија од SWIFT дури се плашеа да започнат разговор. Сега на оваа тема се водат жестоки дебати. Иако, според нас, тука нема за што да се дискутира.

Време е да се ослободиме од емоциите и да не дозволиме некој да не потресе одвнатре.

Рубикон е преминат – Украина стана посилна и нема да дозволи повторување на трагедијата од 2014 година, а нејзините партнери веќе направија повеќе за спречување на кризата отколку пред осум години за нејзино завршување.

За време на Студената војна, дипломатијата не еднаш го одвраќаше светот од работ на крвав вооружен конфликт. Во тоа време работеше таканаречената шатл дипломатија – циркулација на дипломати меѓу страните на конфликтот. Денес светот е променет, брзината на процесите е поголема, а конфигурацијата на силите на европскиот континент е сосема поинаква. Украина сега се наоѓа од другата страна на завесата. Ние постојано и непоколебливо ја туркаме нашата линија – стратегијата за одвраќање на агресивните дејства на Кремљ.

Русија не сака да седне на преговарачка маса со Украина? Во ред, во замена на „шатл-дипломатијата“ ќе биде лансирана мрежната дипломатија со седиште во Кијив. Таа предвидува интензивна координација на позициите на партнерите во рамки на меѓународната коалиција за одвраќање на Русија, тесна координација со Украина пред и по контактите со Русите.

Ова создава ефект на стотици огледала за Кремљ: Русија од сите страни го слуша истиот став, кој е договорен со Украина. Знаеме што слушаат нашите партнери од Русија. Неделата на големата дипломатија во Женева, Брисел и Кијив ја покажа мрежната дипломатија на дело.

Сегашната ескалација не укажува на силата на Русија, туку на нејзината слабост. Пред осум години Москва имаше многу лостови против Украина. Денес, единствениот начин да не предизвикаат нас и светот на разговор е да распоредат повеќе од сто илјади војници до нашите граници. Ова е признание за беспомошност.

Во исто време, непријателот никогаш не треба да се потцени. Русија се обидува да не потресе одвнатре, да сее паника и очај.

Независната украинска држава е проект за слободна иднина и успешна самореализација за Украинците од сите етнички потекла, политички претпочитувања и верски определби. Ние ја браниме како група. Се подготвуваме за сите можни сценарија.

Време е да се ослободиме од емоциите и да не дозволиме некој да не потресе одвнатре. Тоа ќе биде премногу скап подарок од Русија. Уште помалку ќе прифатиме какви било обиди за решавање на кризата на сметка на националните интереси на Украина.

Кој и да даде такви предлози ќе биде одбиен. Смиреноста и издржливоста се нашиот клуч за победа.

 


Линк до оригиналот на статијата на Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, објавена во NV.ua, 29 јануари 2022.


Creative Commons 4.0 Дозволено е преземање, со линк до првата објава на ЦивилМедиа и до оригиналот.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025
Фото: Скриншот, Вимбдон ФБ

(ВИДЕО) Историска победа на Ига Швјонтек за прва титула на Вимблдон

July 12, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Сабота ден за женско финале на Вимблдон: Анисимова против Швјонтек

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk