ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Вистиномер: Половина од предизвикувачите на сообраќајки со жртви добиваат условни казни

January 30, 2022 20:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Од вкупно донесени 69 пресуди за сообраќајни незгоди со смртен исход, во 35 на лицето што ја предизвикало сообраќајката му била изречена условна пресуда, говорат податоците од Основниот кривичен суд за периодот од 2017 до крајот на 2021 година. Во само три случаи била изречена казна од четири години затвор, пишува „Вистиномер“.

Половина од правосилните пресуди кои ги донел Основниот кривичен суд во Скопје, а биле потврдени од повисоките инстанци, за сообраќајни несреќи со смртни последици, се условни казни. Ова го покажуваат податоците од судот кои ги добивме по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и се однесуваат на периодот во последниве пет години, односно од 2017 до крајот на 2021 година.

Од вкупно донесени 69 пресуди за сообраќајни незгоди со смртен исход, во 35 на сторителот му била изречена условна пресуда, што значи дека доколку го повтори делото во одреден период, ќе треба да издржува затворска казна.

Само три лица во последните пет години добиле четиригодишна, a две лица шестгодишна затворска казна. Останатите кои предизвикале сообраќајна незгода во која некој го загубил животот, често добивале затворски казни од по неколку месеци – најголем дел од нив по шест месеци, а дел по девет. Затворски казни до 3,5 години во последниве пет години, добиле четири лица, а двајца се осудени на затворска казна од шест години.

Трагичната сообраќајна незгода во која загина 24-годишната Викторија Н., на 21 јануари годинава, додека со своето момче преминуваше на пешачки премин кај трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје, повторно ги разгоре прашањата за (не)казнивоста на возачите кои одземаат човечки животи. Момчето што ја прегази младата Викторија има 22 години и тој, според сознанијата на МВР, во моментот на несреќата претекнувал друг автомобил. Нему му беше одреден 30 дневен притвор.

Но, не секој случај завршува со притворски казни на сторителите на овие тешки кривични дела. Многу од нив и по неколку години, воопшто не се стигнати ни до судење, што значи дека се заглавени во некоја од обвинителските или судски фиоки. Семејства на починати лица постојано изразуваат револт за ниските казни што ги добиваат несовесните возачи, а јавноста се јавува со жестоки реакции, немајќи доверба во системот.

Сепак, велат експертите, секој случај е засебен и при утврдување на вината важно е да се разграничи евентуалната умисла и небрежното извршување на кривичното дело и од тоа понатаму зависи и висината на казната. Оттаму, понекогаш е невозможно да се генерализираат и унифицираат казните.

При утврдување на вината битно е разграничувањето помеѓу евентуалната умисла и небрежното извршување на кривичното дело и од тоа понатаму зависи и висината на казната. Не можеме да ги генерализираме и унифицираме казните бидејќи непридржувањето кон сообраќајните прописи е комплексна работа која подразбира со сигурност да се утврди во кој степен и обем сторителот не се придржувал кон сообраќајните прописи. Висината на казната зависи од квалификацијата на делото и се казнува умисленото и небрежното извршување на делото, придонесот на оштетениот во сообраќајната незгода не ја исклучува вината на сторителот, но секако влијае на степенот на вината и висината на казната. Јавноста оправдано реагира на трагични настани кои се случуваат во сообраќајот но во секој случај судот мора да ги цени отежнителните и олеснителните околности, да направи јасна дистинкција дали во конкретниот случај постои евентуална умисла кај сторителот,односно дали сторителот бил свесен дека не се придржува кон сообраќајните прописи и дека со таквото поведение ќе го загрози сообраќајот и ќе ги доведе во опасност животот или телото на луѓето од значителен обем, вели Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основиот кривичен суд, а актуелен адвокат.

Каењето и семејниот статус носат и пониски казни

Две години и шест месеци затвор лани во ноември доби момчето кое во април 2021 година ја прегази 20-годишната Верица Белчовска на пешачкиот премин во центарот на Струмица. Одлуката ја донесе штипска Апелација пет месеци по пресудата на Основниот суд во Струмица, кој првично му пресуди 15 месечна затворска казна. Сепак, и со двојното зголемување на казната, мајката на Верица реагираше дека истата е неприфатливо ниска.

Зоран Милески Кичеец, пак, лани во ноември доби шест месеци затворска казна за сообраќајката кај Стража што се случи на 4 септември. За човечка жртва предизвикана со претекнување на полна лента на патот Кичево-Скопје, на угорнината кон преминот Стража, Милески ја признал вината и изразил каење, а поради тоа обвинителството предложило, а гостиварскиот суд ја прифатил шестмесечната затворска казна. Од обвинителството тогаш наведоа дека Милески немал траги од алкохол во крвта и не ја пречекорил дозволената брзина на патот, а единствен пропуст бил што претекнувал на полна лента.

Според објавените пресуди на веб-страницата на Основниот Кривичен суд во Скопје, при изрекувањето на условните пресуди кај сообраќајните несреќи со човечки жртви, судот во голема мера предвид го зема социјалниот и семејниот статус на предизвикувачот на несреќата.

Една од пресудите говори за стравотна несреќа во 2014 година, кога кумановецот Н.З  во близина на стоковната куќа „Мост“ во Скопје, на пешачки премин го прегазил скопјанецот З.П.

Од ударот тој бил нафрлен на предното ветробранско стакло од возилото и паднал од коловозот, од што сега покојниот задобил многубројни тешки повреди изразени во вид на нагмечување и крвни подливи во пределот на главата, градниот кош и горните и долните екстремитети, пишува во пресудата донесена четири години по трагичниот настан, во 2018 година.

Н.З. за ова добил условна казна, односно ќе треба да одлежи две години затвор ако во наредните пет години стори ново кривично дело.

Судот во оваа пресуда го ценел фактот дека лицето се кае за стореното кривично дело, констатирал дека дека двете негови деца боледуваат од целебрална парализа и им е потреба нега од трето лице, а неговиот татко боледува од деменција и за него, исто така, е потребна дополнителна нега од трето лице.

Скопјанецот, М.Р., пак, исто така добил условна казна, откако на булеварот „Борис Трајковски“ возел во спротивна лента, кога се судрил со моторциклистот Н.К. Моторциклистот, за кратко време им подлегнал на повредите. Во пресудата стои дека сега починатото лице не носело кацига, немало сообраќајна дозвола и се движело со поголема брзина од предвидената. Скопјанецот кој удрил во моторциклистот добил условна казна поради „искажаното каење за стореното, личните и семејните прилики на обвинетиот, кој е женет и татко на едно дете и придонесот на жртвата во настанување на сообраќајната незгода“.

Минатата година во Основниот Кривичен суд биле примени 20 предмети по членот 300 од Кривичниот законик, став 2 и 4, каде што настапила смрт на едно или повеќе лица кога станува збор за дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Решени биле 10 предмети.

Но, дали само казнената политика би ги спречила трагичните настани пред кои речиси секојдневно сведочат македонските граѓани, а многу семејства остануваат без своите најблиски?

Според Туфегџиќ, казнената политика не е единствениот проблем, туку ресоцијализацијата низ програмска едукација во сообраќајот по издржувањето на казната.

Во ситуација кога се изречени условни казни немаме јасна постапка и концепт за ресоцијализација низ задолжителен едукативен процес во времето на проверка кое му е определено од страна на судот. Сето ова подразбира дека мораме да размислиме за законски измени во смисла на имплементирање на нова мерка за безбедност, во смисла на задолжителна едукација во областа на сообраќајот, која ќе се изрече задолжително при изрекувањето на условната казна а трошоците да паднат на товар на осудениот за време за кое е изречена мерката, вели  тој.

 

Next Post

Австралиски научници открија „застрашувачки“ предмет што се движи низ Млечниот Пат

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk