ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Австралиски научници открија „застрашувачки“ предмет што се движи низ Млечниот Пат

January 30, 2022 20:52
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Австралиските научници велат дека откриле непознат предмет што се врти на Млечниот пат, за кој тврдат дека не е како што било видено досега, пишува Би-Би-Си.

Објектот, првпат откриен од студент на универзитет, е забележано дека ослободува огромен излив на радио енергија за цела минута на секои 18 минути. Објектите со пулсна енергија во универзумот често се документирани. Но, истражувачите велат дека нешто што се вклучува за една минута е многу невообичаено.

Тимот работи да разбере повеќе. Објектот првпат бил откриен од студент на Универзитетот Кертин, Тајрон О’Доерти во регионот на западна Австралија познат како Мурчисон, користејќи телескоп и нова техника што тој ја развил. Студентот бил дел од тимот предводен од астрофизичарката д-р Наташа Харли-Вокер, од јазолот на Универзитетот Кертин на Меѓународниот центар за истражување на радио астрономијата (ICRAR).

„Се појавуваше и исчезнуваше во текот на неколку часа за време на нашите набљудувања“, рече таа во соопштението за медиумите од „ICRAR“ кое го документира откритието.

„Тоа беше сосема неочекувано. Беше некако страшно за еден астроном бидејќи нема ништо познато на небото што го прави тоа“.

Објектите што се вклучуваат и исклучуваат во Универзумот не се нови за астрономите, тие ги нарекуваат „минливи“.

Но, објектот што се вклучи цела минута беше „навистина чуден“, рече астрофизичарот од „ICRAR-Curtin“, д-р Џема Андерсон, цитиран во изданието. „ICRAR“ додаде дека по трагање низ повеќегодишни податоци, тимот успеал да утврди дека објектот е оддалечен околу 4.000 светлосни години од Земјата, е неверојатно светол и има исклучително силно магнетно поле.

Теориите околу тоа што би можел да биде објектот вклучуваат неутронска ѕвезда или бело џуџе, термин што се користи за остатоците од колапсирана ѕвезда. Сепак, голем дел од откритието останува мистерија.

„Повеќе откривања ќе им кажат на астрономите дали ова е редок еднократен настан или огромна нова популација што никогаш порано не сме ја забележале“, рече д-р Харли-Вокер. „Со нетрпение очекувам да го разберам овој објект и потоа да го проширам пребарувањето за да најдам повеќе“.

превод: М. М.

Next Post

Тест на издржливоста на нашето сајбер „здравје“

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk