ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Тест на издржливоста на нашето сајбер „здравје“

Некои таму, толку „длабоко и до корен нè читаат“, што ни буква не би оставиле од нас. Ние ќе продолжиме да ги „болиме“. Со задоволство.

January 30, 2022 21:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Нашите читателки и читатели забележаа дека медиумската платформа на Цивил беше бавна и на моменти недостапна текот на денот недела, 30 јануари 2022. Добивме повеќе пораки во текот на претпладневните часови дека ЦивилМедиа, Дрејт и ЦивилТудеј, како и Фронтлајн.мк и некои други интернет платформи, одвај се отвораат или едноставно се недостапни.

Не бевме во можност да одговориме порано, но сега можеме да потврдиме и да одговориме на некои од прашањата во нашиот инбокс. Да, точно е, се работи за зголемен интерес за нашите содржини, но тоа ни оддалеку не е причината за тешкотиите со кои се соочи нашата медиумска платформа.

Според информациите што ги добивме од експертите за сајбер безбедност со кои соработуваме и со кои денеска бевме во интензивна комуникација, нашите медиумски прилози го привлекле и „читателското“ внимание на помалку пријателски настроени ентитети.

А кога тие „читаат“ тоа го прават „малку“ поинаку.

За жал, имам обврска, заради нашето „сајбер здравје“, да го следам советот на нашите сајбер безбедњаци и да не откривам повеќе детали за видот на „читањето“ што денеска ни го приредија тие „ентитети“. Иако, ако сега му пристапите на некој од нашите интернет портали, повеќето од вас ќе бидат кратко задржани на „контролниот пункт“ на Cloudflare, но по две-три секунди ќе продолжат со своето патување низ нашиот медиумски простор.

Во секој случај, медиумските платформи што беа цел на вниманието на оние што „читаат до корен“ не паднаа во ниту еден момент за време на „читањето“.

Тоа што можам да го споделам е дека „читањето“ било толку жестоко што, да беше заштитата послаба, од нашите интернет портали немаше да остане ниту буква. Некој ми напиша денеска: „Изгледа сте погодиле таму каде што боли. Многу ли беше јако?“ Потврдив, но бев горд, по не знам кој пат сите овие години, на нашите сајбер витези.

Им благодарам на вредните сајбер витези, тие ангели-чувари на нашата и вашата слободна зона. За нив не постои работно време, бидејќи деноноќно се вклучени во нашата заштита. Се разбира, благодарност и за нашата бројна публика за трпението, разбирањето и поддршката.

Продолжуваме понатаму, „да болиме“ секаде каде што тоа е потребно. Им благодариме и на оние што го нарачаа овој тест на издржливоста.

 


Сите права се задржани.

Next Post

Прв состанок на македонско-бугарската Работна група за економија, трговија и иновации

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk