пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
Стратегијата за уништување на ВМРО – ДПМНЕ треба да биде јавна и транспарентна. Ништо против нив не смее да биде тајно и конспиративно. Секоја борба до погребувањето на оваа партија во ваква апашка поставеност треба да биде на достап и очиглед на целата јавност, и онаа нивната вморонска.
Тука не смее да има кочници, демек пополецка и тоа ќе биде, нема више пенкала, нема разговори, преговори и дијалози. Во оваа борба државата има само една единствена шанса, а вика вака: Само премиерот и владините коалициски партнери ја имаат ексклузивната можност за справување со ова зло, за да се спаси државата, а богами и владата.
Затоа, драг мој премиере Ковачевски, откако ги поставивте новите методологии за конечен договор со Бугарија, единствената членка која го кочи нашиот влез во ЕУ заедницата од надвор, време е да се остане дома, и целата енергија да се насочи кон истребување на ваквото ВМРО-ДМНЕ од политичката сцена во државата, кон првиот и најголем непријател за влез на Македонија во ЕУ од внатре.
Дури и задутре да ги почнеме разговорите за членство во ЕУ заради тргањето на блокадата од Бугарија, вие како влада нема да бидете запаметени по тој наводен успех, затоа што ништо не сте направиле ако оваа антимакедонска организација постои во најблаг формат на политичко делување внатре.
Другар Ковачевски, види вака, партијата за која сите знаеме, а највеќе знаат тие самите, партијата која ја опустоши државата….партијата чии членови во раководството секојдневно се соочуваат со судски расправи за тешки обвиненија, се бранат со баснословни гаранции не за обичните транзициски смртници туку и за државата, други од егзил изигруваат патриоти а од скопската штабквартира секојдневно зивикуваат против држ те го крадецот, пртијата која Заев ја сервираше на целата мкд јавност за тоа како пљачкала, како грабала, преку дел од таканаречените бомби, нема, бе, чоек, нема никакво право да постои. Затоа, влези дома, и остани овде се’ додека не го решиш овој најсериозен и најантидржавнички проблем. Дури и по цена да те прогласат за “диктатор“, се исплати да го поднесеш сиот ризик во експресно реформирање на судовите и обвинителствата, во строго селектирање на медиумите од највисоките до најниските ешалони и појавни облици на квазиновинарството.
Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.