Германскиот весник „Билд“ објави денеска ексклузивна информација за договорен трансфер на францускиот репрезентативец Килијан Мбапе во редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид.
Трансферот, според истиот извор, ќе биде реализиран во летниот преоден рок.
Реал нема да мора да плати обесштетување за услугите на Мбапе, бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува во јуни, а мадридскиот клуб ќе му даде плата од дури 50 милиони евра.
Сепак, кога ќе се одбијат сите даночни давачки, францускиот репрезентативец ќе заработува половина од таа сума на годишно ниво.
ПСЖ за трансферот на Мбапе од Монако своевремено издвои астрономски 180 милиони евра.