„Коментарите на обвинителите, судиите, па и општата јавност е дека нешто не штима и не е во ред за случувањата со сообраќајните деликти. Сите споменуваат дека проблемот во законот, а како може да биде проблемот таму, кога законот за тешки сообраќајки со смртни последици предвидува казни од 4 до 20 години затвор?“ кажа министерот за правда, Никола Тупанечвски во вестите на МРТ.
Тој додаде дека главната каректеристика на пресудите за сообраќајните деликти се условните казни и додаде дека мора да се консолидираат сите и да се разгледаат решенијата.
„Реален проблем е и невоедначеноста на судските пресуди. Не може за едно исто или слично дело во една апелационо подрачје да се доделуваат големи казни, а во друго само условни казни“ кажа Тупанчевски.
Тој додаде дека сите заедно мора да докажат дека правдата е неселективна.