ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Пендаровски: Пропагандата и хибридните напади се засилија од Преспанскиот процес наваму (ВИДЕО)

February 1, 2022 16:25
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа 14-та седница на Советот за безбедност на која се разговараше за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност претседателот Пендаровски одржа прес-конференција и изјави дека на седницата е дискутирано за тензиите во поширокиот регион, поточно на украинско-руската граница.

„Имајќи предвид дека станува збор за две држави кои граничат со таканаречената евроатлантска зона на одговорност, Северна Македонија како членка на НАТО беше должна да ги направи, и ги направи, сите неопходни подготовки, повторувам, подготовки, за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвива текот на настаните во наредниот период во тој дел од светот.“, изјави претседателот Пендаровски.

На прашањата од Фронтлајн – Дали и на кој начин е подготвена Северна Македонија да одговори на руската пропаганда? Дали се лоцирани и кои се центрите за ширење на дезинформации и руска пропаганда во Северна Македонија?, претседателот Пендаровски одговри дека постојат активности насочени кон нашата држава кои не се во склад со нашите национални и државни интереси кои се обидуваат имено тоа да го поткопаат. Исто така постојат здружени активности и напори на нашите институции да го неутрализираат и да го оневозможат тој пробив.

Во тој дел ако коментирам јавно би требало  да навлезам во она што значи чуствителна или класифицирана информација. Се разбира дека извори на дезинформации кои не доаѓаат од изворот кој вие го лоцирате од други места не само држави туку и ентитети и групи и поединци низ светот ние ги лоцираме со помош на нашите сега многу поуспешно на нашите партнери сојузници во НАТО Алијансата. Меѓутоа нешто во таа мерка и се презема меѓутоа не можам да бидам специфичен да конкретизирам во таа смисла бидејќи постојат активности насочени кон нашата држава кои не се во склад со нашите национални и државни интереси кои се обидуваат имено тоа да го поткопаат. Постојат здружени активности и напори на нашите институции да го неутрализираат и да го оневозможат тој пробив.

Претседателот Пендаровски истакна дека постои пропаганда која вели не ви треба западната алијанса, не ви треба НАТО, не ви треба Европската Унија и од 2018 год. односно од нашиот референдум за промена на името тие притисоци, тој тип на пропаганда се засилени.

Јас мислам дека до овој момент со поддршка повторувам на нашите сојузници во НАТО ние сме прилично успешни во таа смисла. Значи тоа постои, пропаганда која вели не ви треба Западната алијанса, не ви треба НАТО, не ви треба Европската Унија, постојат. Од 2018 од нашиот референдум за промена на името тие притисоци тој тип на пропаганда, сега ги нарекуваме хибридни закани и така натаму се засилени, меѓутоа ни сме исто така засилени со капацитетие кои ги имаме во таа сфера затоа што во многу ни помага членството во алијансата и експертизата и секоја друга поддршка и размената на информации која ја добиваме од таму. Така што постои, работиме против тоа и мислам дека сме релативно успешни. Знаете дека и најголемите и најмоќните држави на светот не можат да спречат влијание во нивни избори да не набројувам држави ги знаеме сите. Јасно е дека влијание во таа смисла имало и ќе има, меѓутоа мислам дека сме многу подобро екипирани и оспособени со внатрешните капацитети да го неутрализираме тој притисок.

„Украина има партнерски однос со НАТО, но не е членка на Алијансата. На билатерална основа може да помагате, меѓутоа трупи на НАТО, вклучително и наша војска, нема да видите во борбени дејствија на украинска територија во случај таму тензиите да бидат до ниво на отворен конфликт. Значи, тоа е нашиот став“, изјави претседателот Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање.

Исто така претседателот Пендаровски се надоврза на прашањата од Фронтлајн и посочи дека не треба да се верува во пропагандите дека НАТО како Алијанса ќе се ангажира на украинска територија во случај ако „Русија би напаѓала“, нагласувајќи дека „тоа нема да се случи“.

Мартина Ацковска

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

July 13, 2025

(ВИДЕО) Синер го победи Алкараз за прв трофеј на Вимблдон

July 13, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ливерпул го одигра првиот натпревар по смртта на Жота

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk