ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Подемот и опадот на една империја – СЈО во белешките на курирот (трет дел)

Ексклузивно само на Фронтлајн во неколку продолженија - „Подемот и падот“ СЈО во белешките на курирот

February 1, 2022 09:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Кому му беше потребно СЈО за да биде сигурен во фактот дека имаме нелигитимна власт, кога дознавме дека со фалсификати, закани и други изборни нерегуларности апашот бр.1 ги освојуваше изборите, дека имаме ајдучка власт, вклучувајќи ја и функцијата претседател на државата?

Кому му беа потребни дополнителни докази после бомбите, за да заклучи дека имаме работа со власт, која, не само што после 10 години владеење треба да се урне, туку и веднаш да се изнесе пред лицето на прекиот Народен Суд?

Кому му беше потребна меѓународна арбитража и дополнителен одговор на бесмисленото прашање, “дали си сигурен дека е тој“, во кабината за препознавање и покажување со прст кон крадецот во сопствениот дом, после бомбите?

Немавме легална, ниту легитимна власт за да се тркаме со истата во било кои дисциплини, а најмалку по судови односно на избори. Немавме ниту човечко право да бараме мирна разрешница на обелоденетата децениска изборна и општа пљачка, а тие, замислете, со апашот бр.1 во клубот на пратениците договараат нова, специјална институција, која во одреден рок ќе се справи со неговиот криминал и криминалот на неговите владини послушници…

Нелегитимниот, веќе покажан фалсификатор и крадец, побара и доби шанса, “законски“ да му се суди и пресудува, а на сите слободомислечки луѓе во државава, во сите тие ноќни сеанси наречени Пржински договарања и усогласувања, сето тоа им стана сомнително.

Се чинеше дека, ако таму, на чело на таа нова институција се избере човек со кој тој ќе се согласи, човек за кој тој ќе потпише, дека сите ние ќе бидеме изиграни и изманипулирани по кој знае кој пат. Повторно страв, неверување, сомнеж.

Анонимната обвинителка од Гевгелија, од денес е Шефица на Специјалното обвинителство. Ни чуена ни видена. Која ли е оваа за која официјално се согласиле сите преговарачи во клубот на пратениците? Анонимус во мкд јавноста. Досега работела на мали предмети како обвинителка во ЈО Гевгелија. Таа, меѓудругото, е и едукаторка во Акедемијата за обвинители и судии, а има завршено и висока обука за „Борба против мафијата, корупцијата и организираниот криминал…“се цитираа некои сегменти од нејзиното “сиромашно“ СИ-ВИ. Не ја знаеме, ама, според некои нејзини вештини стекнати на меѓународни симпозиуми и обуки, можеби ќе ја биде. А и Американците се согласиле за неа. Македонската јавност во неверба и грч ја очекуваше појавата на оваа обвинителка во јавноста.

И тука, од тој момент, се најави почетокот на крајот на една децениска неправда, и нов почеток во презентирањето на правдата во Македонија, кога во прашање се високи, највисоки функционери од власта, слушнати во „бомбите“. Ќе има ли моќ анонимната да стане вистинска и правична обвинителка, да им пркоси на „ѕверовите“ кои ги држеа сите конци со кои ја одржуваа неправдата во кондиција – судии, обвинители, адвокати, министри и премиери? Ќе ја искористи ли шансата да застане на страната на вистината и она најважното, на страната на правдољубивите жители на Македонија? Лично, не ме интересираше како овие реакции од скептиците допираат до неа, па не ми преостануваше ништо друго освен како човек кој не се согласуваше со политиката на истерување на правдата од бомбите со „пенкало“, туку со српови, чекани, мотки и булдожери, со клоци и слично, преку статус на ФБ да ѝ испратам порака. Ја користев мојата ФБ популарност за да допрам до неа:

“Госпоѓо обвинителке, изучена “воина“ против мафијата и организираниот криминал, и Вие и Македонија добија историска шанса да покажете и докажете дека правдата постои, дека има луѓе кои знаат како да се справат со недопирливите. Искористете ја. Ако досега преовладувал стравот од моќтта на „долгата рака на ВМРО“, сега ја имате сета моќ и силата на правдољубивите жители од Македонија, го имате светиот грал в раце. Влезете храбро, покажете и докажете дека сите скепси кои се појавуваат кај обичните и необичните после Вашиот избор, заради Вашата анонимност, биле погрешни. Престолот на правдата Ви е слободен, обидете се да ја ставите круната на главата. Ова последново ќе зависи само од Вас. Од никој друг“…

***

И така почна. Ентузијастички, револуционерно, баш онака како што требаше да биде, како што посакуваа луѓето жедни за правда, како што водата ја посакуваат изгубените карвани во пустинските пространства, како исцелителски лек на метастазираната разочараност на македонската јавност. Темелите беа длабоко ископани, столбовите армирани со плетки од арматурни мрежи на кои им се одушевуваа правните статичари, архитекти и инжењери. Цврсти, стабилни, отпорни на какви било тектонски поместувања под тресното подрачје врз која беше изградена куќата на правдата. Сите предуслови за живот и работа беа исполнети за да се пресече пантликата за нејзино свечено отварање, за завршен технички преглед, со највисоки оценки за опременост, безбедност и тотално самостојно делување, потпишано од секој правдољубив човек во оваа опустошена од политички криминалци држава.

На сите ни беше јасно, дека, иако СЈО се потпира на само еден централен столб, куќата на правдата никогаш и од никого нема да може да се разниша заради пари, заради корумпираност на обвинители и истражители, заради роднинство, заради домашно или меѓународно, политичко односно полициско влијание. Целата подршка и од сите фактори беше јавно и транспарентно предадена на СЈО. Шефицата обезбеди буџет преку кој, прво, донесе одлука одлично да ги наградува обвинителите, им обезбеди “султански“ привилегии, секој имаше возач и возило на располагање за сите службени и приватни потреби и во секое време, и за членовите на нивните семејствата, а сите останати стимулирани со додатоци кои немаа шанса да не се испочитуваат односно да не се заслужат, да не се вреднуваат. Сите бевме мотивирани до максимум, и она најважното, никој од обвинителите немаше никава потреба да помисли на корупција, иако гонеа осомничени богати, за наши услови екстремно богати луѓе.

СЈО понуди авторитет и дигнитет на сите вработени, а тоа не заслужуваше какво било изигрување. Сите услови за нов, независен, нормален и непречен живот во куќата на правдата беа стуткани во единствен проект, со една исклучително добра, речиси совршена организациска поставеност, со „блок дијаграм“ и екипа од „ѕверови“ во своите домени, и машки и женски, и млади и возрасни, каде, во однапред создадена атмосфера на триумфалност, победнички амбиент, со искрена навивачка публика во арената за борба со високиот криминал, сите заедно како стисната тупаница ќе се искачуваме кон тронот, кон вистината и правдата.

Продолжува…


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски не го осуди нападот врз градоначалничката Арсовска: Има институции, ги повикувам да постапуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk