Македонија треба да го поддржи ставот на НАТО и на особено на САД за ситуацијата во Украина, порача Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ вчера вечер за ТВ21, а пренесе Центар.мк.
– Ние секогаш треба да го следиме ставот на САД особено ако тој став не е на наша директна штета, а во случајот со Украина не е на наша штета. Македонија треба да го поддржи територијалниот интегритет на Украина, порача Николовски.
Ставот на Николовски се совпаѓа со ставот на министерката за одбрана Славјанка Петровска која минатата недела порача дека Македонија треба да го поддржи територијалниот интегритет на Украина.