ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Лага е дека СЗО плаќа за евидентирање на починатите од ковид-19

February 3, 2022 08:47
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Семејствата на починатите не одредуваат што е причината за смртта по пат на избор, туку тоа го прават лекарите, овластените и стручни медицински власти, согласно дијагнозата и текот на хоспитализацијата, а за сето ова постои комплетна документација во здравствените установи.

Вистиномер рецензира  пост објавен на Фејсбук во кој немедицинско и непоткрепено со факти тврдење се претставува како да е ,,искуство”. Притоа, во групата каде што се споделува ова таканаречено искуство, кое што доаѓа од анонимен извор, се поставува прашањето ,,Дали е ова вашиот избор?”.

Во објавата се вели:

Доктор сум и знам дека кој умре е пишан ко ковид и дека СЗО плаќа за тоа. Ако имаш факти и доблест одговори ми, а во спротивно ќе видам дали си ме блокирала и ќе направам скриншот од моево напишано да знаат сите како платениците на Филипче се однесуваат со неистомислениците. Зашто јас со маска и вакцина добив корона и како да ги убедам пациентите дека тоа штити? Само можам да кажам (…) маската штити два саата, а луѓето по недела дена ги носат.

Прво, не е вистина дека секој што ќе почине се пишува дека е починат од ковид-19 и дека Светската здравствена организација плаќа за тоа. Овој мит е стар колку и пандемијата и се појави во вид на анонимни искуства на интернет, во кои се тврдеше дека на семејствата им биле плаќани по 2 илјади евра, за да го пишат покојникот од семејството дека починал од ковид-19, а не од друга дијагноза. Меѓутоа, митот набрзо загуби од својата и онака неверојатна природа, затоа што многу брзо во земјава почна да се зголемува смртноста од ковид-19. Бројката од 8.409 починати лица од ковид-19 во државата е превисока, односно инволвирани се преголем број семејства, за оваа лага да опстојува и понатаму. Сите тие семејства се сведоци дека на нивните сметки не легнале илјадници евра од СЗО оти нивен близок починал од ковид-19. Напротив, семејствата на починатите од ковид-19 на почетокот на пандемијата беа изложени и на повисоки трошоци, плаќајќи поскапи лимени сандаци.

Оваа лага е проѕирна, бидејќи семејствата не одредуваат што е причината на смртта по пат на избор, туку тоа го прават лекарите, овластените и стручни медицински власти, согласно дијагнозата и текот на хоспитализацијата, а во посебни случаи, кога не се познати причините за смртта, се врши и обдукција, релевантен и научен метод каде што науката го има главниот збор. Оттука, начинот на настапување на смртта е фактографија одредена од медицинските специјалисти. Во случаите на ковид-19, како и за секоја друга болест на хоспитализирани лица, постои посебна евиденција во секоја болничка установа, а секое семејство, доколку побара, може да има увид за текот на болничкото лекување. Во секој документ издаден од болница за починато лице наведена е причината за смртта, претходните коморбидитети, односно хронични болести, а семејството е примател, не и учесник во создавањето на овој документ.

Второ, на ниту еден здравствен систем не му одговара да расте бројот на починати од коронавирусот. Сите земји, вклучително и нашата, се борат да го задржат бројот на заразени и починати на најниско можно ниво, иако за успешноста во таа намера може да се дебатира. Високата смртност не им одговара ниту на лекарите, кои се гордеат на секој спасен живот.

Трето, СЗО има точен алгоритам, односно упатство како да се заведуваат смртните случаи поради ковид-19. Ова упатство го следи и Северна Македонија.

Според документот објавен од СЗО, дефиницијата за тоа што е смрт настаната поради ковид-19 гласи:

Како смрт поради ковид-19 се дефинира смрт што резултирала од клинички компатибилна болест, во веројатен или потврден случај на ковид-19, освен ако не постои јасна поинаква причина за смртта, која не може да се поврзе со ковид-19. На пример, траума. Смрт што настапила поради ковид-19, не смее да се атрибуира на друга болест, на пример канцер, и треба да се брои независно од околностите за кои постои сомнеж дека го поттикнале агресивниот тек на ковид-19.

Уште пред повеќе од една година, тогашниот министер за здравство Венко Филипче, запрашан дали СЗО плаќа за заболени и починати пациенти од ковид 19, изјави:

Не, тоа е апсолутно лажна вест. Соработката со Светската здравствена организација која практично започна уште на почетокот на кризата апропо коронавирусот, беше во насока на споделување искуства од Кина и од Италија, понатаму во насока на препораки кои произлегуваа од искуствата на другите земји и координација на активностите меѓу нив во регионот и во Европа. Апсолутно нема никаков финансиски бенефит, ниту од бројот на пациенти, ниту од починати, тоа е дефинитивно една лажна вест, рече Филипче.

Понатаму во постот што го рецензираме, анонимното лице тврди дека се заразило од ковид-19 и покрај носењето маска и покрај вакцината. Вакцината не секогаш спречува заразување со вирусот, но ги намалува последиците од него, односно помага во спречувањето на смртниот исход и тешкиот тек на болеста. Тоа е докажано во клинички испитувања уште пред вакцината да биде пуштена во употреба. Тоа што некој ќе носи маска, исто така го намалува ризикот од инфекција, меѓутоа не гарантира дека вирусот нема да навлезе во организмот, особено со појавата на повирулентни соеви, како омикрон.

Поради горенаведените факти оценуваме дека не е вистина дека СЗО плаќа за починати од ковид-19 и дека сите починати од други болести се водат како да починале од ковид. Исто така, вакцината е ефикасна и штити, но не секогаш и од заразување (има реинфекции особено со повирулентни соеви на вирусот кои го заобиколуваат природно стекнатиот имунитет со прележување и оној стекнат со вакцинација), туку од тежок исход на болеста.


Преземено од Вистиномер.

Next Post

Една недела подоцна, Николоски од ВМРО-ДПМНЕ со ист став за Украина како министерката за одбрана, Славјанка Петровска

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk