ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Мутаки: Талибанците се блиску до добивање меѓународно признавање

February 3, 2022 09:45
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Талибанците се приближуваат до меѓународното признавање, но сите отстапки што ќе ги направат новите владетели во Авганистан ќе бидат според нивните услови, изјави во интервју за АФП шефот на дипломатијата на режимот Амир Кан Мутаки.

Во своето прво интервју по враќањето од разговорите со западните сили во Осло, Мутаки, исто така, го повика Вашингтон да ги ослободи средствата на Авганистан за да помогне во ублажувањето на хуманитарната криза.

Ниту една земја официјално не ја има признато владата што беше формирана откако талибанците ја презедоа власта во август минатата година, кога меѓународните сили, предводени од САД, се повлекоа по 20 години минати во неа во обид да воведат демократија.

Но, Мутаки доцна синоќа кажа дека новите владетели на Авганистан полека добиваат меѓународно признание.

-Се приближуваме до целта за признавање, рече тој. „Ова е наше право, право на Авганистанците. Ќе продолжиме со нашата политичка борба и нашите напори додека не го добиеме нашето право“.

Минатомесечените разговори во Осло беа првите на кои талибанците разговораа со западни претставници. Иако Норвешка инсистираше на тоа дека состанокот нема за цел официјално признавање на тврдокорната исламистичка група, талибанците токму тоа го истакнаа како придобивка под средбата.

Мутаки во интервјуто изјави дека неговата влада активно работи со меѓународната заедница, што е јасен знак за растечкото признавање.

-Меѓународната заедница сака да работи со нас, рече тој. „Постигнавме добар напредок во овој поглед“додаде и потенцираше дека неколку земји веќе имаат амбасади во Кабул и се очекува наскоро да бидат отворени повеќе.

„Очекуваме и амбасадите на некои европски и арапски земји исто така да ги отворат вратите“, рече тој.

Мутаки, исто така, кажа дека какви било отстапки направени од талибанците во областите, како што се човековите права, ќе бидат според нивните услови, а не како резултат на меѓународен притисок.

-Ова што го правиме во нашата земја не е затоа што треба да исполнуваме услови, ниту ќе го правиме под нечиј притисок, рече тој. „Ние тоа го правиме според нашиот план и политика./MИА/.

Next Post
Фото: Фејсбук профил од Рашковски

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски, прифатена гаранција од 192 илјади евра

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk