ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Столтенберг: Разгледуваме распоредување на дополнителни трупи на југоистокот на НАТО

February 3, 2022 10:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски разговарале за ситуацијата на руско-украинската граница. Алијансата е подготвена да испрати дополнителни трупи на југоистокот на Европа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тензиите помеѓу Русија и Украина била една од главните теми помеѓу премиерот Ковачевски и неговиот домаќин во НАТО, генералниот секретар Столтенберг.

НАТО смета дека растечкото руско воено присуство на границата со Украина постигна 100 илјади трупи, а забележано е и „значајно движење на руските воени сили во Белорусија“.

– Ова е најголемото руско распоредување од Студената војна, изјави Столтенберг на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Ковачевски.

Во овој контекст, генералниот секретар порача дека Северноатлантската алијанса „продолжува да бара деескалација“ од Русија и предупреди дека секоја „дополнителна руска агресија ќе има сериозни последици и тешка цена“.

Истовремено, Столтенберг порача дека НАТО сака да биде ангажиран во дијалог со Русија, откако Алијансата испрати серија предлози за смирување на тензиите до руските власти.

– Но, НАТО нема да прави компромис за своите темелни принципи: правото на секоја нација да го одбере својот пат и способноста на НАТО да ги заштити и одбрани своите сојузници, предупреди генералниот секретар.

Вчера САД испрати воено засилување во источна Европа – Германија, Полска и Романија, во знак на подготвеност да се одговори на руска акција во Украина.

Столтенберг ја поздрави одлуката на САД и ја нарече „силен сигнал на посветеноста на САД“.

– Исто така разгледуваме распоредување на дополнителни борбени групи на НАТО на југоисточниот дел од Алијансата“, изјави шефот на Северноатлантската алијанса.

Ковачевски од своја страна даде поддршка за работата на Алијансата во однос на Русија и Украина, истакнувајќи дека токму политиката на отворени врати на НАТО и овозможи на Северна Македонија да стане земја членка.

– Го поддржуваме предлогот на НАТО за тематски состаноци со Русија во врска со состојбата на односите на европската безбедност со фокус на Украина и транспарентноста, намалување на рузикот и контрола на оружјето. Целосно го поддржуваме суверенитетот на Украина и нејзиниот територијален интегритет во меѓународно признаените граници, изјави Ковачевски.

За премиерот на Северна Македонија, „НАТО е колективна одбранбена Алијанса што ги зближува Европа и Северна Америка во оваа криза“.

– Како сојузници ние сме силни, одлучни и обединети во нашата реакција. Северна Македонија останува целосно посветена на основачкиот договор од Вашингтон како и на фундаменталните вредности и принципи на Алијансата, додаде премиерот. 

Next Post

(ГАЛЕРИЈА) Американска донација за МВР од над милион американски долари

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk