Yon Idy за само неколку дена ги освои срцата на огромен број луѓе во Македонија. По интерпретацијата на неговата песна во финалето на изборот за претставник од Македонија на Евровизија 2022, неговата популарност нагло порасна, но и по интервјуата низ медиумите, што е резултат на неговата скромност, искреност и шарм. Тоа може да се види од безбројните коментари за него по социјалните медиуми.
Со неговата песна „Dreams“, според многумина, тој е главниот фаворит за да нѐ претставува во финалното натпреварување на Евровизија, кое годинава ќе се одржи во Торино.
Причините за тоа се неколку: оригиналноста на неговите композиции и текстови, како и неговиот глас.
„Непретенциозно прекрасно дете со најуникатниот машки глас ever”, напиша пред некој ден музичката ѕвезда Дани Димитровска.
Доколку ви е фаворит, за Yon можете да гласате на evrovizija.mrt.com.mk