ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Додека светот ја следи Украина, Путин тивко ја окупира Белорусија

February 4, 2022 17:02
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Руски воени вежби во Белорусија

Руски воени вежби во Белорусија

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАЈАН ВИТМОР /Atlantic Council

Александар Лукашенко е спремен да оди во војна, или така барем вели.

Во три и пол часовно обраќање до нацијата минатата недела, автократскиот белоруски лидер објави „Ако нашата земја се соочи со агресија, ќе има стотици илјади руски војници тука, кои ќе ја бранат оваа света земја заедно со стотици илјади Белоруси.

Лукашенко говореше додека руски трупи продолжија во голема мера да се распоредуваат во Белорусија, од кои многумина заземаа позиции долж јужната граница на земјата со Украина долга 1000км.

Говорејќи на Советот за безбедност на Обединетите нации на 31 јануари, американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд забележа дека Русија веќе распоредила околу 5.000 војници во Белорисија заедно со балистички ракети со краток дострел, специјални сили и противвоздушни батерии. „Гледаме докази дека Русија има намера да го прошири тоа присуство на повеќе од 30.000 војници во близина на белоруско-украинската граница, на помалку од два часа северно од Киев, до почетокот на февруари“, истакна таа.

Со брзото проширување на руското воено присуството во Белорусија, американскиот Стејт департмент им наложи на членовите на семејствата на дипломати и вработени во амбасадата во Минск да ја напуштат земјата. Стејт департментот, исто така, ги предупреди амерканските граѓани да не патуваат во Белорусија, наведувајќи го „невообичаеното и загрижувачки руско воено трупање“.

Промената на геополитичкиот статус на Белоруија во изминатите 18 месеци претставува една од најдраматичните промени во безбедносниот калкулус во источна Европа од руската незаконска анексија на Крим во 2014 година, а можеби и од крајот на Студената војна.

Изменетата безбедносна равенка е нагласена со сегашните ризични потези на Русија на украинската граница, давајќи Й ја на Москва можноста да ја опкружи и нападне Украина од север, исток и југ. Тоа, исто така, значи дека руската војска сега се наоѓа на белуруската граница со Украина на помалку од два часа од Киев.

Нестрпливото учество на Лукашенко во опкружувањето на Украина од страна на Путин и неговиот конфронтирачки став се релативно нови феномени што даваат дел од објаснувањето за сопствената одлука на лидерот на Кремљ за заземање на таков агресивен став во овој момент.

По руската анексија на Крим и вооружената интервенција во источниот украински регион Донбас во 2014 година, Лукашенко јасно стави до знање дека ја отфрла идејата на Путин за Белорусија да биде дел од т.н „Руски Свет“. Тој, исто така, изјави дека нема да дозволи белоруската територија да се користи за напад на трета страна и оддржа добри односи со прозападното раководство во Украина, додека истовремено се обидуваше да ја држи вратата отворена за подобри односи со Западот.

Руски воени вежби во Белорусија

Со години, Лукашенко даваше отпор на напорите на Кремљ за изградба на нова руска воздухопловна база во Белорусија. И за време на заедничките воени вежби „Запад-17“ со Русија, тој даде сė од себе да ги увери европските соседи на Белорусија дека вежбите нема да се користат како изговор за агресија.

Како што сведочев пред американскиот Хелсиншки комитет во ноември 2019 година, Лукашенко „не беше заинтерисиран да го жртвува суверинитетот на Белорусија“ и тој имаше „малку придобивки од воена пресметка или конфликт со Западот во кои неговата земја би била на линијата на фронтот“.

Нешто повеќе од две години потоа, тој е јасно на геополитичката линија на фронтот и се чини дека ужива во тоа. Оспоруваните претседателски избори во Белорусија во август 2020 година, масовните улични протести што беа предизвикани од истите и бруталната акција на Лукашенко во однос на несогласувањето го наведе диктаторот во Минск  да заклучи дека неговата единствена шанса за политички опстанок е да се задржи за Путин што е можно поцврсто.

Држењето до Путин за сопствен опстанок има своја цена. Таква една цена за Путиновиот спас е Белорусија да стане платформа за руската војска.

Руски воени вежби во Белорусија

Последниве месеци, Лукашенко ја призна анексијата на Крим од страна на Москва, експлицитно стави до знаење дека ќе ја поддржи Русија во војна со Украина, понуди да биде домаќин на руско нуклеарно оружје и се согласи на редовни воени вежби и ротации на војници, што значи постојано руско воено присуство во Белорусија. Лукашенко, исто така, се има согласено да биде домаќин на заеднички воен центар за обука во Гродно, во близина на белоруската граница со Полска и Литванија, што ефективно ќе служи како руска воена база.

Како што Густав Гресел и Павел Слункин забележуваат во еден неодамнешен напис за Европскиот совет за надворешни односи, Лукашенко неодамна се согласи да Й дозволи на Русија скоро неограничена употреба на четири воздухопловни бази, база со ракетен систем земја-воздух и околу 30 складишни локации на територијата на Белорусија. Пред август 2020 година, Белорусија строго ја ограничуваше руската употреба на тие локации за закажани маневри. Но, ова се промени благодарејќи на колапсот на легитимитетот на Лукашенко и неговата растечка потреба за руска помош, што Й обезбеди на Москва можност да ги користи овие објекти речиси како што сака“, напишаа тие.

Најдиректната последица од променетата геополитичка позиција на Белорусија и руската милитаризација на нејзината територија може да се види со сегашната криза што Москва ја провоцира на украинските граници. Со Белорусија како платформа, Русија сега може да напаѓа од повеќе правци, да ја распрсне украинската одбрана и полесно да го опкружи Киев.

Но, како што Гресел и Слункин забележуваат, „може да се очекува Москва да одржи одредено ниво на воено присуство во Белорусија и по сегашната криза“. Тие додаваат дека “без разлика дали Русија повторно ќе ја нападне Украина, територијата на Белорусија сė повеќе ќе станува извор на воена закана за сите нејзини западни соседи, не само за Украина“.

Безбедносниот калкулус во источна Европа е драматично повознемирувачки денес отколку што беше пред само 18 месеци. Ова претставува закана за сите неруски соседи на Белорусија, вклучувајќи ги и НАТО членките Латвија, Литванија и Полска, како и Украина.

 


Наслов на оригиналот: While the world watches Ukraine, Putin is quietly occupying Belarus

By Brian Whitmore for the Atlantic Council

Брајан Витмор е нерезидентен виш научен соработник на Евроазискиот центар на Атлантскиот совет, асистент на Универзитетот на Тексас во Арлингтон и водител на Power Vertical Podcast.

Превод од англиски: Наташа Цветковска/ЦИВИЛ

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk