ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Yon Idy добива огромна поддрша, го препознаваат како фаворит за претставник на Евровизија од Македонија

February 4, 2022 17:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, СЦЕНА

„Ова беше убава недела за сите нас како артисти. Имавме убава шанса да се претставиме пред нова публика која можеби не слушнала за нас. Јас лично добивам многу поддршка, многу убави зборови и коментари кои ме мотивираат и ме прават среќен.“, вели Yon Idy, кој со песната „Dreams“ е во трка за местото Преставник на Македонија на изборот за песна на Евровизија.

Yon за многу кус период доживеа голема популарност кај публиката, која, како што нагласуваат сите познавачи на добрата музика, сосема ја заслужува.

Тој вели дека сите коментари и поддршката што ја добива уште повеќе го мотивира да работи и создава нова музика.

„Со топол вокал во фокусот и благи тапани, на крајот го комплетира аранжманот и открива прекрасни мелодии кои влегуваат под кожа.“; „Песната е извонредна! Прекрасна мелодија и неверојатна вокалистичка изведба. Несомнено најдобрата песна која доаѓа од Македонија оваа година. Ние станавме целосно зависни од неа: Таa е наша песна на неделата!“; „Штом го слушнав тоа слатко арпеџо и квалитетот на звукот на гитарата, бев фасциниран од музиката на овој талентиран уметник. Неговата музика директно комуницира со срцето и душата на слушателот и успева да возбуди со нежноста на мелодиите.“; „Yon Idy создаде волшебна (stunning) песна со пасионантна моќ внатре во неа. Неговиот стил фасцинира со автентичност и елеганција“, се дел од коментарите различни медиуми и портали низ светот, што можат да се прочитаат за музиката на Yon.

Голем дел од радиските станици од: Хрватска, Британија, Швајцарија, Германија, САД и други држави ги пуштаат песните кои се комплентно кантавторско остварување на Yon

– Имам поддршка од многу радиjа во светот. Мои пријатели ме известуваат дека музиката ми ја слушаат и во ресторани и маркети низ светот, така да, убаво е да се доживее тоа, вели Yon во гостувањето на ТВ Телма.

Познатиот Јутјубер Рој ПМ вели дека „Dreams“ е едноставна но прекрасна композиција која има потенцијал, Ве молам пратете ја оваа песна, Оваа ви е најдобриот избор искрено, вели Рој.

„Сметам дека ќе бидете во топ 15 пласирани на Евросонгот и Северна Македонија ќе има одлични резултати. Ова е 100%, 1.000%, 1.000.000%  вашиот избор по мое мислење“, рече Рој.

Yon Idy е комплетен автор на песната „Dreams“, а за аранжманот му помогнал Анѓел Ќосев.

Песната „Dreams“ е спој на јавето и сонот, нагласува Yon во интервјуто за Музика24.мк. Во рефренот пеам за сон во кој јас и мојата поранешна љубов сме среќни и безгрижни, но во строфите се присеќам на суровата реалност и сфаќам дека е завршено. Всушност “Dreams” во голема мера е автобиографска песна, додава тој.

Тој вели дека неговата музика нуди различност. Се издвојува од се она на кое сме навикнати кога станува збор за Евровизија.

„Затоа и сметам дека “Dreams” на Евровизија 2022 би било полн погодок. На Евровизија секоја година се пеат песни со сличен стил, во обид да се биде близу до некој победник пд претходно. “Dreams” излегува од тие рамки, доволно за да биде препознаена како таква.“, истакнува младиот Yon Idy.

Тој е благодарен за довербата и можноста да биде потенцијален претставник на Македонија.

Во трката како потенцијални претставници се уште пет други кандидати

Ова е линкот на кој може да гласате за песната „Dreams“ на Yon Idy.

https://evrovizija.mrt.com.mk/

Ј. Ѓ.

 

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денес се регистрирани 1.493 нови лабораториски позитивни случаи со КОВИД-19, oздравени се 2.652 пациенти

НАЈНОВО

Скриншот

Гроси: Инспекторите на МААЕ се вратија во Иран за првпат по нападите врз нуклеарните објекти

August 27, 2025

„СпејсИкс“ успешно ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Промоција на книгата „Тело без душа“, прво авторско дело на Елена Цветковска

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk