ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лидерите на ЕУ едногласни за почеток на преговори веднаш, ЕК да помогне во деблокирање на процесот за проширување

February 5, 2022 08:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на институциите на ЕУ се едногласни во поддршката за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија за отворање на поглавјата без одлагање. Од Европската комисија, пак, се очекува да помогне во деблокирање на процесот за проширување со Северна Македонија и Албанија. Ова е епилогот од првата дводневна официјална посета на премиерот Димитар Ковачевски на Брисел.

На средбите во европските институции во Брисел, Ковачевски беше придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На средбата со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, Ковачевски кажал дека во наредниот период, за време на претседавањето на Франција со ЕУ, едно од клучните очекувања е засилениот ангажман на Европската комисија да помогне во деблокирање на процесот за проширување со Северна Македонија и Албанија.

 Ковачевски ја информирал Фон дер Лајен за резултатите од интензивната агенда на дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, посочувајќи дека на двете официјални работни средби и во Скопје и во Софија, се постигна договор за унапредување на билатералната соработка преку создавање на пет работни групи.

Тој истакнал дека од нивната работа се очекуваат конкретни резултати кои ќе бидат преточени во патоказ кој ќе го забрза процесот за одржување на првата Меѓувладина седница на Северна Македонија со ЕУ за отворање на поглавјата за членство во Унијата.

Двајцата соговорници на средбата се согласиле дека од голема важност е што поскоро да започне преговарачкиот процес за Северна Македонија за да се одржи динамиката на реформите.

Претседателката на ЕК со објава на Твитер му посака добредојде на премиерот Ковачевски. – Ја охрабрувам Северна Македонија да продолжи со испорачување на реформите и да го одржи позитивниот моментум со Бугарија, на нејзиниот пат кон ЕУ, напиша Фон дер Лајен.

На средбата станало збор и за ефектуирањето на финансиската поддршка од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан за проектите за железницата со Бугарија, за пречистителна станица за отпадни води во Скопје, за парк за ветерна енергија и за соларна централа, како и за интерконекторот за гасно поврзување на Северна Македонија со Србија.

На средбата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, премиерот го информирал дека новата Влада го задржува фокусот на клучните реформски области за европеизација на владеењето на правото и борбата против корупцијата, демократското владеење, економскиот развој, енергијата и климата и дигиталните транзиции, како и на унапредување на добрососедските односи и европската интеграција.
За време на разговорот, Ковачевски го информираше Мишел за започнатиот интензивен дијалог меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија.
Ковачевски и претседателот на Европскиот совет споделија заеднички став дека е забележлива подготвеноста на владите во Скопје и Софија да се удвојат напорите за подобрување на односите меѓу земјите и дека во таа насока ангажманот на европските институции во помагањето за деблокирање на процесот за пристапување кон ЕУ за Северна Македонија, како и за Албанија, се очекува позитивно да влијае на динамиката на реформи во Западен Балкан.
На средбата со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, Ковачевски изразил благодарност за континуираниот ангажман и подготвеност на Европскиот парламент во поддршката на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан да напредуваат во процесот на интеграција во ЕУ.

Тој ја навел како особено значајна плодната соработка на Северна Македонија со Европскиот парламент во рамките на дијалогот Жан Моне, преку дискусиите на Мешовитиот парламентарен комитет, како и посветената работа на пратениците на ЕП за напредокот на земјата во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во членство во ЕУ.

– За време на разговорот во Европскиот парламент, претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски ја запозна Мецола со силно изразената подготвеност на Владите во Скопје и Софија да ги удвојат напорите за подобрување на меѓусебните односи со јасни намери да го забрзаат процесот за одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, соопшти владината прес-служба.

На средбата беше истакнат напредокот во реформите во судството и владеењето на правото препознаени и во последниот извештај на ЕК, и беше нагласено дека Северна Македонија продолжува со силна политичка посветеност да ги имплементира позитивните препораки на ЕП за имплементација на реформите за да се заокружи стратешкиот проект за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

На крајот на неговата посета на Брисел, Ковачевски подвлече дека иднината на Северна Македонија е во европското семејство и дека тоа е иднина на највисоки демократски вредности, на зелената агенда, на обновливите извори на енергија, на дигитализацијата и пат кој на младите им создава предвидливост и простор за развој.

– Овде во Брисел ги известив нашите партнери од ЕУ за напредокот што го направивме заедно со Бугарија во продлабочувањето на добрососедската соработка. Јасна е и поздравена заложбата на двете земји за изнаоѓање решенија и интензивирање на дијалогот. Низ разговори со нашите пријатели Шарл Мишел во Европскиот совет и Роберта Мецола во Европскиот парламент, потврдена е отворената поддршка за одржувањето на првата меѓувладина конференција, рече вчера Ковачевски.

Тој потсети дека посетата ја започна со заедничката прес-конференција со генералниот секретар Јенс Столтенберг во НАТО и оти заедно го потврдиле единството по прашањата поврзани со Украина, и потребата од деескалирање и решавање на прашањата со Русија по пат на дипломатија, бидејќи, како што кажа, „ние сме НАТО, а НАТО е за мир и дијалог, за сигурност и безбедност“.

– Ја завршуваме работната посета со средбите со драгите пријатели во Европската Унија, домот на кој му припаѓаме. Се враќаме со силна поддршка која не мотивира да го интензивираме европеизирањето дома, заклучи Ковачевски по завршувањето на неговата прва официјална посета на европските институции во Брисел.

Европската Унија се надева дека до крајот на француското претседателство со ЕУ, на 30 јуни, ќе се деблокира спорот меѓу Скопје и Софија и со тоа ќе можат конечно да започнат долго одложуваните преговори за членство со Северна Македонија, но и со Албанија, за која голем број земји членки на ЕУ не сакаат да дадат зелено светло без Северна Македонија.

Улогата на Мишел како претседател на Европскиот Совет и директен соговорник на шефовите на држави и влади може да помогне во овој процес. Мишел е исто така сопартиец и близок со францускиот премиер Емануел Макрон. /МИА/

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk