Во 2011 година, кога ССМ на 1 Мај ја започна кампањата за потребата од донесување на закон за минималната плата, меѓу 60 и 70 илјади работници беа на границата или земаа плата во висина на минималната плата.
Минималната плата ја воведува ВМРО-ДПМНЕ во јануари 2012, кога беше донесен Законот за минимална плата. Тогаш минималната плата изнесуваше 8.050 денари, освен за текстилната и кожарската индустрија, кои оваа сума ја постигнаа дури во 2015.
Кога СДСМ дојде на власт во 2017 година, минималната плата изнесуваше 10.080 денари. Од септември 2017 година, минималната плата е покачена на 12 илјади денари, следните две години порасна за 500 денари, и од декември 2019 година, минималната плата е 14.500 денари. Од април 2021 минималната плата изнесува 15.194 денари. Во моментов, се водат трипартитни преговори помеѓу Владата, синдикатите и работодавачите за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.
Д. Мишев / Цивил Медиа