ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Ангеловска-Бежоска: Со поголема вклученост на жените во економијата може да се зголеми растот за 30 проценти

February 6, 2022 12:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Поголемата вклученост на жените носи бројни придобивки за целото општество, односно тоа може да придонесе за поголем економски раст од околу 10 проценти, во просек, во развиените економии, а во помалку развиените економии дури и повеќе, до 30 проценти, истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју во рамки на проектот на Институтот за лидерство и јавни политики „Зголемување на учеството на жената во политиката во Северна Македонија“, поддржан од Владата на Обединетото Кралство и Британската амбасада во Скопје.

– Носителите на политиките треба да ги охрабруваат и да ги поттикнуваат жените за поголема вклученост во општеството, преку преземање бројни мерки и активности, и тоа не само од аспект на принципот на праведност и еднаква вклученост на жените. Од друга страна, жените треба да веруваат во себе, во своите способности, а таа верба треба да се темели на цврсти основи, односно постојано вложување во сопственото образование, во сопствените вештини, истакнува гувернерката на Народната банка.

Таа посочува дека јазот помеѓу мажите и жените е особено изразен кога станува збор за застапеноста на раководни позиции, што не е карактеристично само за нашата економија, туку е глобален феномен.

Како жена која е на лидерска позиција, Ангеловска-Бежоска вели дека е горда и благодарна што имала можност да биде дел од успешни и професионални тимови, коишто биле носители на бројни реформи во нашето општество. Како пример ја истакнува големата реформа на системот на јавните финансии, на почетокот на формирањето на пазарната економија кај нас ‒ систем којшто бил посочуван како еден од најдобрите примери во регионот.

– Исто така, задоволство ми е што сум била дел од тимови и сум раководела со тимови коишто морале да се справуваат со големи економски шокови. Тековната глобална криза нѐ погоди и нас, како мала економија. Благодарение на брзата и силна реакција на нашата централна банка, во голема мера се ублажија последиците врз нашата економија, што е јасно видливо преку постојаната кредитна поддршка којашто банкарскиот систем и натаму ја обезбедува за граѓаните и за компаниите, помагајќи им во пребродувањето на оваа економска криза. Но, она што е можеби уште позначајно е дека оваа солидна кредитна поддршка се обезбедува во услови на постојан пад на каматните стапки, коишто всушност достигнаа историски најниски нивоа, вели гувернерката на Народната банка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

July 5, 2025
Фотомонтажа: Коалиција Маргини

Коалиција Маргини: Репродукција или казна – Како власта ни ја дисциплинира иднината

July 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk