ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Компаниите во ТИРЗ во јануари со извоз од 250 милиони евра, раст од 8 проценти во однос на декември

February 6, 2022 12:16
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компаниите активни во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во јануари годинава имаат извоз од речиси 250 милиони евра, што е за осум проценти повеќе споредено со декември 2021, што покажува дека трендот на раст и позитивни економски активности продолжува и годинава. Редовната месечна анализа на ТИРЗ покажува дека извозот во јануари е на исто ниво со јануари 2021 година, а за 31 процент повеќе од јануари 2020 година, односно за четири проценти повеќе споредено првиот месец од 2019 година.

-Кај увозот во јануари е регистриран пад од 15 проценти во однос на декември, што според првичните анализи се должи на складирање залихи кај компаниите во изминатиот период. Увозот кај компаниите во зоните во јануари е 204 милиони евра, што е и за 17 проценти помалку во однос на јануари минатата година, но за 33 проценти повисок споредено со јануари 2020, односно 6,5 проценти во однос на јануари 2019, информираа денеска од Дирекцијата за ТИРЗ.

Нивната анализата покажува дека во првиот месец од годинава е регистрирано и највисоко ниво на нето извозот од 21,5 проценти. Раст од 1,5 проценти, како што наведуваат, има и кај бројот на вработени во јануари споредено со декември кој е над 14 000.

-Економските активности во ТИРЗ во 2021 година достигнаа највисок ниво досега од постоењето на Зоните, со 3 милијарди извоз за една година. Истовремено се постигнати договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат нови 2.700 работни места. Со оглед дека поголемиот дел од овие проекти е планирано да започнат со производство годинава се очекува позитивниот тренд на економски активности во зоните да продолжи и годинава и да се надминат до сега постигнатите резултати, наведуваат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Информираат дека во напредна фаза на преговори, каде компаниите имаат доставено најмалку официјално писмо за намери, се дополнителни инвестиции близу 300 милиони евра со нови над 1.500 вработувања.

-Со оглед на ваквите бројки, ТИРЗ заедно со меѓународни економски институции работи на посебни мерки за унапредување и развој на домашните компании со цел да се вклучат во ланците на снабдување кај странските компании во ТИРЗ, но и да станат поконкурентни на странските пазари. ТИРЗ инвестира и во унапредување на инфраструктурата индустриските зони. Во 2021 година се започнати капитални инвестиции во развој на инфраструктура во зоните од над 10 мил евра, меѓу кои изградба на дополнителни улици,  атмосферска  и фекална канализација, водоводни мрежи и  улично осветлување, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

АХВ се оградува од постапката на инспекторот од ПЕ во Берово и најави спроведување законска постапка

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk