ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Славески, ВМРО-ДПМНЕ, на браникот на газдите и олигарсите

February 6, 2022 09:28
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ / ЦИВИЛ МЕДИА

Поранешниот министер за финансии и сегашен претседател на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Славески, во изјавата во вестите на ТВ 24  вели дека барањата на Сојузот на синдикати на Македонија да има покачување на минималецот на 18.000 денари се неприфатливи. За него поприфатливи се барањата на работодавачите, кои бараат да се промени методологијата за пресметка на минималецот, односно поголема тежина да има порастот на цените во усогласувањето на минималната плата. Според нивната методологија, наместо зголемувањето на минималната плата да биде  во висина на предложените од Владата и прифатени од ССМ, 18.000 денари, минималната плата би изнесувала околу 16.000 денари.

„Во спротивно, ова што го бара Синдикатот, се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“, изјави Славески. Според него, вaквото зголемување од 18.000  би придонело најголем дел од компаниите во Република Северна Македонија да затворат.

Претседателот на Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии Трајко Славески гостува во вестите на ТВ24, јануари, 2022 година

Ваквиот став на Славески предизвика револт кај синдикалците од ССМ, особено што доаѓа во екот на веќе тензичниот дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и Владата за раст на минималната плата, кои го обвинија Славески дека застанува на страната на газдите.

ССМ на својата Фејсбук страница испрати иронична порака:

„Го разбираме Трајко Славески поради тоа што тој во Македонија прима плата во висина на минимална плата во Германија, па веројатно и тој е револтиран што е на германски минималец во Македонија. 50% од просечната плата во Германија е 1.400 евра, а во Македонија 14.000 денари, па веројатно му е тешко да го преживее месецот како на 110.000 работници, па затоа ги поддржува работодавачите, а не работниците.“

На страна на работниците или на страната на крупниот капитал?

Синдикатите, а и поголемиот дел од демократската јавност, во изјавата на Славески препознаа јавна и отворена поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за работодавачите и крупниот капитал. Со тоа се минира процесот на договарање на трите социјални партнери во Економскиот совет, давајќи им аргумент повеќе на стопанските комори да не ги прифатат барањата на Синдикатот. Што и не е за чудење, ако се знае дека најблиската соработничка на Славески во раководењето со Градот Скопје е градоначалничката Данела Арсовска, која на оваа функција дојде од местото Претседателка на Сојузот на Стопански комори.

Впрочем, тандемот од кампањата за локалните избори Славески/Арсовска, уште во 2019 година се бореа против зголемување на минималната плата . Данела Арсовска тогаш, како претседателка на Сојузот на стопански комори, во улога на заштитник на приватниот капитал, ќе изјави:

„Дефинитивно сме против вештачко зголемување на минималната плата!“ – изјави Арсовска во 2019.

Во тоа време, 2019 година, Славески во дебата на телевизија Телма со тогашниот Вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, апелираше власта да не продолжи да ја покачува минималната плата, бидејќи тоа ќе направи нестабилност во компаниите и ќе создаде незадоволни вработени чии плати нема да се покачат.

Поранешиот министер за финансии во ТВ Телма, 2019

„Апелираме, немојте да продолжите да ја покачувате минималната плата. Тоа ќе донесе нестабилност, хаос, секојдневни штрајкови, јавниот сектор, приватниот… Ве предупредуваме, немојте да го направите тоа, за доброто на државата. Немојте да си играте поради вашето незнаење. Да ја зголемувате така вештачки платата. Создавате притисоци за зголемување на останатите плати, правите ршум во компаниите!“ – рече тогаш Славески (2019, ТВ Телма), во нападот на политиките на Владата за зголемување на минималната плата на вработените.

Очигледно, некои ставови, особено ако се врз грбот на другите, во случајов работниците, Трајко Славески не ги менува ни денес. Дали ова се само лични ставови на професорот Славески или партиска доктрина на ВМРО ДПМНЕ?

Раскол во врвот на ВМРО-ДПМНЕ или претстава за народ?

Соочени со крајно негативниот ефект од изјавата на поранешниот министер за финансии и актуелен претседател на Советот на Град Скопје, Славески, врз граѓанките и граѓаните, односно врз гласачкото тело, од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение во кое се оградуваат од изјавата на нивниот долгогодише висок партиски и државен функционер.

„Ставот на г-динот Трајко Славески е негов личен став. Исто како што постојат бројни ставови на експерти про и контра растот на минималната плата“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостува во емисијата „ Само интервју“ на Канал 5

И претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со изјавата дадена при гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, иако не доволно јасно, искажува став спротивен од тој на Славески.

„Тоа е една чудна непопулистичка од една страна приказна, од друга популистичка. Синдикатите велат минимална плата 18 илјади, работодавачите велат тоа е, нема да издржиме, ќе ги затвориме бизнисите. Но, суштинскиот проблем е дали ако имаме ние минимална плата од 18 илјади денари ќе ги нивелираме сите останати плати нагоре. Тогаш сме „за”. Ако ние потоа ги нивелираме сите останати плати линеарно на ова зголемување, тогаш сме за, затоа што сите работници треба да го остварат тоа право“ – вели Мицкоски во изјавата.

Останува прашањето дали навистина постои раскол во врвот на ВМРО-ДПМНЕ по прашањето за покачување на минималната плата, или е само обид да се намали револтот кај граѓаните против нивната одбрана на крупниот капитал, да „не заигра мечката пред нивната порта.“ И во двете варијанти, оваа ситуација не говори добро за партијата.

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Каде бевме и каде сме сега?

Во 2011 година, кога ССМ на 1-ви Мај ја започна кампањата за потребата од донесување на закон за минималната плата, меѓу 60 и 70 илјади работници беа на границата или земаа плата во висина на минималната плата.

Минималната плата ја воведува ВМРО-ДПМНЕ во јануари 2012, кога беше донесен Законот за минимална плата. Тогаш минималната плата изнесуваше 8.050 денари, освен за текстилната и кожарската индустрија, кои оваа сума ја постигнаа дури во 2015.

Кога СДСМ дојде на власт во 2017 година, минималната плата изнесуваше 10.080 денари. Од септември 2017 година, минималната плата е покачена на 12 илјади денари, следните две години порасна за 500 денари, и од декември 2019 година, минималната плата е 14.500 денари. Од април 2021 минималната плата изнесува 15.194 денари. Во моментов, се водат трипартитни преговори помеѓу Владата, синдикатите и работодавачите за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Денес, со зголемувањето на минималната плата, поради несовесните работодавачи и урамниловката која се направи поради тоа што работодавачите, наместо да ги почитуваат законите и колективните договори и спирално да ги зголемуваат останатите плати, тие спротивно на законот исплаќаат плата на работници само во висина на минималната плата, иако тоа е не законски, па така бројката на работници кои примаат минимална плата порасна на околу 100.000 работници.

Можеби за Славески, партиските функионери и големите бизнисмени/работодавачи, минималната плата е од минорно значење, но тоа е суштинско прашање за огромен број луѓе. Се работи за семејствата на овие 100.000 работници за кои ова покачување е повеќе од неопходно за задоволување на основните животни потреби.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Штетна е Резолуцијата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, отвора прашање за јазикот што веќе е затворено

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Претседателката на ДКСК треба да си поднесе оставка од морални причини

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на CNN

    (ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk