ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Платите во ТИР зоните од 2017 година пораснаа за 7.000 денари, а компаниите ги зголемија инвестициите (ВИДЕО)

February 7, 2022 16:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Ковачевски ги посети реномираните и успешни компании „Адиент“ и „Кондево“ во Трговско индустриската и развојна зона Штип каде вработените работат во современи, и пред сѐ безбедни услови. „Адиент“ и „Кондево“ се компании во кои постојано се вложува во опрема и иновации согласно најновите светски трендови, и каде вработените придонесуваат за извоз на производи со врвен квалитет, информираат владините служби. Согласно анализите на Дирекцијата на ТИРЗ, после 2017 година бројот на вработени и на платите во фабриките во зоните е во постојан раст. Во периодот 2010 – 2016 година просечната плата во ТИРЗ изнесувала 21.700 денари, додека во периодот 2017 – 2020 година нето платите во просек достигнуваат 28.686 денари. Дополнително, просечниот број на вработени во ТИРЗ зголемен е повеќе од двојно. Во 2016 година регистрирани се 6.282 вработени, а во 2020, 12. 963 наши сограѓани работат во капацитетите изградени во зоните, пишува во соопштението.

„Менаџментот на компанијата „Адиент“ вложува и во раст на платите на годишно ниво на 1.700 вработени наши сограѓани. Дополнително, инвестицијата на „Адиент“ во земјава, изнесува 20 милиони евра. Покрај оваа фабрика, тука во Штип, активно работи и нивната фабриката во ТИРЗ Струмица. Оваа реномирана компанија минатата година постигна нето извоз од скоро 12 милиони евра, при што извозот изнесува 69 милиони евра, а увозот е 57 милиони евра“, истакна Ковачевски.

Буџетот на државата во досегашниот период остварил близу 11 милијарди денари приходи по различни основи од компаниите во ТИРЗ. Во 2020, компаниите во ТИРЗ уплатиле над 2,4 милијарди денари во државната каса на име придонеси од задолжително социјално осигурување, трошоци за даноци на плати и надоместоци на плата и данок на добивка. Тоа е речиси четирикратно зголемување во однос на 2016 година.

И во услови на пандемија и глобална криза, постигнати се договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат нови 2.700 работни места. Во напредна фаза на преговори се дополнителни инвестиции близу 300 милиони евра со нови над 1.500 вработувања. Трендот на зголемување на инвестициите и во овој мандат од 2021 – 2024 година се очекува да продолжи уште повеќе да расте.

Во оваа насока, Ковачевски го потенцираше и го поздрави амбициозниот план за новата инвестиција на компанијата „Кондево“. Станува збор за инвестиција од над  35 милиони евра за која веќе менаџментот на „Кондево“ достави план до Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони, а тоа значи и нови 288 вработувања.

Во ТИР зоната Штип во тек е реализацијата на најголема капитална инвестиција во инфраструктура во зоните до сега, во износ од 430 милиони денари, со што значително ќе се унапредат условите за влез на нови инвестиции.

Next Post

Кулеба: Само народот на Украина има право да го дефинира надворешно-политичкиот курс

EVN

НАЈНОВО

Тимоти Редмонд и Даглас Маринер со 30 млади европски музичари на 17 февруари во Македонската филхармонија

February 13, 2026

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

February 13, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Македонија ќе ги укине царините за американските производи, САД задржуваат 15% за македонските и нулта тарифа за некои производи

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk