Директорот на ТИРЗ, Јован Деспосовски на Фејсбук напиша дека изборното ветување од 2016 година на СДСМ е испорачано.
-За неполни 5 години Владата ја покачи минималната плата за 100%. Ова беше изборно ветување во 2016 година и драго ми е што се испорача. Апсолутно да за минимална плата од 18.000 денари, за да стигнеме до уште повисок раст. Треба да одиме понатаму, а државата има и капацитет и ресурси!, напиша Деспотовски.