ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Граѓаните на САД должат 15,6 билиони долари

February 8, 2022 21:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупниот долг на населението на САД достигна 15,6 билиони долари на крајот на 2021 година, покажуваат денешните податоци на Федералните резерви на округот Њујорк.

Само во четвртиот квартал од минатата година американските граѓани го зголемиле долгот за 333 милијарди долари, а во целата година за нешто повеќе од 1.000 милијарди долари (еден билион долари), пренесува Си-Ен-Би-Си.

Според филијалата на ФЕД во Њујорк, зголемувањето на долгот на домаќинствата во последните три месеци од минатата година е најголем во првиот квартал од 2007 година, додека годишниот раст на долгот е најголем досега од 2003 година, кога почна да се води евиденција.

Во врска со високиот долг на Американците, Си-Ен-Би-Си предупредува дека оваа година се очекува ФЕД да почне да ја зголемува референтната каматна стапка за да ја ограничи инфлацијата, која достигна највисоко ниво во речиси 40 години, што директно ќе влијае на трошоците за задолжување, од хипотекарни заеми до кредитни картички.

На пазарите на капитал се проценува дека американската централна банка од март ќе почне да ги зголемува каматните стапки, а годинава ќе има најмалку пет зголемувања во вкупен износ од 1,25 процентни поени.

Голем дел од зголемувањето на долгот на домаќинствата произлегува од хипотекарните заеми, кои го зголемија салдото за 890 милијарди долари за една година и за 258 милијарди долари во четвртиот квартал, на речиси 11 билиони долари.

Долгот на кредитните картички се зголеми за 52 милијарди долари во последните три месеци од минатата година, што е нов квартален рекорд кој го зголеми вкупниот долг во таа категорија на 860 милијарди долари.

Поради брзиот раст на цените, салдото на автомобилските кредити се зголеми за 90 милијарди долари, или за 6,6 отсто, на 1,46 билиони долари. Цените на новите автомобили во САД минатата година скокнаа за 11,8 отсто, додека користените автомобили пораснаа за неверојатни 37,3 отсто, според податоци на Министерството за труд.

Единствена категорија на долг на домаќинствата кај која има мал пораст се студентските кредити кои за една година пораснале за само 20 милијарди долари, додека во четвртиот квартал дури благо се намалиле, пишуваат американските медиуми.

извор: МИА

Next Post

Моментално најдобрите серии на Нетфликс вредни за да останете будни цела ноќ

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk