ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Минималната плата од 18.000 постави европски рекорд, има удел во просечната од 62%

February 8, 2022 11:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, објави дека 13% од вработените во нашата земја земаат минимална плата. Со ова покачување, уделот на минималната плата во просечната плата е 62%, што е највисок просек во Европа и поголем од барањето на синдикатите во преговорите. Најголемиот процент во Европа, на удел на минималната плата во просечната, е во Франција и тој изнесува 50%.

Владата ќе ги субвенционира придонесите од разликата од покачувањето, до крајот на годината, а по дејности над 90% од оние кои ќе бидат поддржани се микро и мали компании.  Ова е солидарно решение со кое им се излегува пресрет и на граѓаните и на стопанството.

На состанокот на социјалните партнери била предложена нова методологија, со која минималната плата ќе се формира половина од порастот на просечната плата и половина од процентот на индексот на живот. Со дополнителен услов, уделот на минималната во просечната плата задолжително да биде над 57% што ќе обезбедува достоинствено и одржливо покачување на стандардот на долг рок.

Да потсетиме дека професорот Трајко Славески, функционерот на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје, а претходно министер во владите на Никола Груевски, пред да финишираат преговорите на Владата со коморите и синдикатите, пласираше став во јавноста дека стопанството нема да издржи уште едно зголемување на минималната плата. Истиот став неговата партија, а тогаш и Данела Арсовска како дел од стопанските комори, го имаа и за претходните зголемувања на минималната плата.

Инаку, Славески постојано, во последната деценија- две, има високи примиња од државата. Имено, тој претседател на Советот на Град Скопје и покрај паушалот од 30-тина илјади што им следува на советниците, нему му се исплаќаат уште 30 отсто, што значи месечната сума му речиси 40 илјади денари. Ако се пресмета и професорската плата која изнесува 50, 60 илјади, тој стигнува до 100-тина илјади денари месечни примања. Тоа е пет до шест пати повеќе од минималната плата, со која голем дел работници преживуваат цел месец. Дали преку него ВМРО ДПМНЕ тестираше какви ќе бидат реакциите во јавноста, за да го изгради својот став во однос на зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Како и да е, провокацијата не беше успешна. 80 илјади работници од март ќе имаат плата од 18.000 денари затоа што преговорите на социјалните партнери на Владата завршија успешно.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија

July 18, 2025
Трамп рејтинг

Трамп бара објавување на сведочењето на големата порота поврзано со случајот Епстајн

July 18, 2025

Интензитетот на сообраќај зголемен, нема подолги задржувања на граничните премини

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk