ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Министерот Алити за Фронтлајн: Продолжуваме со департизација, воведуваме 135 нови е-услуги, дигитална идентификација за 150.000 граѓани

February 8, 2022 10:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ
Адмирим Алити Фото: Мартина Ацковска / Фронтлајн

Адмирим Алити Фото: Мартина Ацковска / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Еден од клучните приоритети  е и ќе продолжи да биде олеснувањето на  услугите до граѓаните и за граѓаните од страна на државните институции, преку електронски пат меѓу кои спаѓаат подобрувањето на постоечките и новите електронски услуги што ќе бидат воведени со планираните дигитални проекти каде што влегува и електронска идентификација, рече Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити во интервју за Фронтлајн.

Адмирим Алити Фото: Мартина Ацковска / Фронтлајн

До каде е постапката за формирање на мешовита работна група за реформи во медиумите?

Тоа што го имам како информација од службите е дека, од отворениот оглас пред неколку месеци стигнале 25 апликации, но бидејќи локалните избори биле блиску, целиот процес е прекинат за да се избегнат сомнежи за политизација на процесот. Исто така целокупните политички околности налагале дека немало простор во тој период да се направи избор.

Во последниве 5 години Вие сте третиот Министер за информатичко општество и администрација. Во својата програма имате зацртано сериозни, коренити реформи во администрацијата. Многу ветувања беа дадени, некои чекори беа преземени, но видливи резултати, барем до сега, нема. Што планирате да преземете во врска со ова?

Проектите што се отпочнати ќе продолжиме да ги реализираме и во иднина. Во континуитет ќе се следи програмата на Владата, но и стратешките документи на Министерството и активностите предвидени со овие стратешки документи. Ќе се стремиме кон нивна подобра реализација.

Бидејки доаѓате од политичка партија која е нов коалициски партнер, дали имате увид во тоа каква е состојбата во оваа област и во овие процеси?

Секако дека сме информирани како коалициски партнер и тоа пред да започнеме со работа. Консултирани се претходните министри, но секако добивамe информации од сите релевантни и компетентни извори. Читаме континуирано и го анализираме законот, досегашниот тек на работите и се во интерес на тоа што може уште повеќе да се направи во иднина.

Адмирим Алити Фото: Мартина Ацковска / Фронтлајн

Како ќе го оцените процесот и достигнувањата и што е она различно што вие ќе го направите, а не го достигнале вашите претходници?

Духот на работата и методологијата што сакам да ги применам во работните процеси е да не застанам предолго да анализирам што другите згрешиле, туку да го продолжиме работниот процес од каде што застанал и да преземам важни чекори кон реализација и унапредување на програмите на МИОА и во овој поглед сум оптимист.

Во доменот на информатичкото општество постоеа многу интересни иновативни проектни замисли, но голем дел од тоа не се оствари поради отпорот на опозицијата. Како ќе продолжи процесот на осовремеување и подобрување на секторите кои се во Ваша надлежност и како тоа ќе се одрази на секојдневиот живот на македонските граѓани и граѓанки?

Министерството за информатичко општество и администрација има големо влијание во дигитализацијата и развојот на информатичкото општество, во институциите и во приватниот сектор. Во МИОА се работат  повеќе софтверски решенија со кои се подобрува работењето на администрацијата, а со тоа и квалитетот на услугите кон граѓаните. Во овој дел планираме повеќе проекти кои ќе ги дигитализираат процесите, а тоа ќе допринесе до големи заштеди кај сите вклучени страни во процесот како заштедување на време, на хартија и тонери, како и додатни трошоци кои во сегашниот начин на живеење не ги приметуваме како трошоци (на пример такси, гориво или паркинг). Како конкретни активности кои следат се воспоставување на 135 нови е-Услуги на Националниот портал за е-Услуги, воспоставување на ДМС (Document management system) систем со поголем број на институции, користење на дигиталната идентификација за 150.000 граѓани од MasterCard.

Паралелно на ова планираме и обуки за администрацијата, како и воспоставување на системи со кои ќе го мериме задоволството на граѓаните од услугите. Тоа ќе допринесе до постојано подобрување и подобри услуги за граѓаните.

Адмирим Алити Фото: Мартина Ацковска / Фронтлајн

Во администрацијта се бележат многу случаи кога припадници на политички партии попрво исполнуваат партиски агенди отколку својата работа. Доаѓа до ситуација партиски активисти на опозицијата да ги користат службените ресурси за партиска пропаганда и ширење омраза и национализам. Господине Министер до каде е департизацијата на системот?

Со новите закони, Закон за вработени во јавниот сектор (ЗВЈС) и Закон за  административни службеници, веќе се преземени мерки во ова насока, која овозможува поефикасно департизирање на системот, а истите беа објавени во ЕНЕР и беа достапни за јавноста. Исто така постои етички кодекс за административни службеници, кој треба да се почитува. Ние целосно се залагаме за почитување на мерките предвидени во Стратегијата за реформа на јавната администрација. Со примена на принципите на праведност, стручност и објективност при вработувањето, со јасно разграничување помеѓу политичката припадност и професионалноста и со почитување и спроведување на Етичкиот Кодекс во работното место, кое воедно е и водич за организациската култура која за нас ги претставува сите наши колективни вредности, верувања и принципи прифатени од вработените. Сите овие се мерки кои се насочени и придонесуваат кон намалување на ризиците од партизација на администрацијата.

Вашето министерство има на располагање над 20 милиони евра, пари на граѓаните и граѓанките предвидени за 2022 година. Што ќе правите со тие пари? Кои се Вашите приоритети?

Еден од клучните приоритети  е, и ќе продолжи да биде олеснувањето на услугите за граѓаните од страна на државните институции, преку електронски пат меѓу кои спаѓаат подобрувањето на постоечките и новите електронски услуги што ќе бидат воведени со планираните дигитални проекти каде што влегува и електронска идентификација. Со нашиот буџет, централно и  најважно место добиваат дигиталните и ИТ проектите, кое воедно се едни од четирите главни столбови на владеењето во секоја држава.  Дигиталните услуги се лицето на модерната влада, а одличните дигитални услуги можат да изградат доверба кај граѓаните.

Мартина Ацковска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025

(ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

July 11, 2025

Филипче: Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, од Мицкоски нема ни збор осуда

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk