ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Петличковски и Мехмедовиќ: Не се размислува за задолжителна вакцинација, туку како таа да се поттикне, вклучително и за трета доза

February 8, 2022 15:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ денеска на прес-конференција посочи дека не се размислува за задолжителна вакцинација, туку Комисијата разговарала како е можно да се поттикне вакцинацијата, со цел создавање колективен имунитет, пренесува МИА..

– Се разговараше на таа тема како е можно да се поттикне вакцинацијата. Се размислува во насока на тоа да има и централизирана кампања за да може да имаме малку поорганизиран пристап до начинот со којшто допираме до граѓаните, за да им објасниме кој е бенефитот од вакцинацијата. Од друга страна, се размислува и за такви групи односно за оние што ни се најпроблематични. Пред се, тука треба да ги споменеме оние кои имаат сериозни коморбидитети, заболувања коишто ја влошуваат ситуацијата кога ќе имате КОВИД-19 пропратен како на еден од ризик-факторите којшто може да даде тешка клиничка форма на болеста или којшто може да даде смртен исход. Тие таргет групи сега се сериозно во фокусот, вели Мехмедовиќ.

Тој додаде дека се разработува брза стратегија која што ќе даде сериозен акцент на вакцинација за да се подигне колективниот имунитет.

Во однос на извештајот кој беше презентиран од Институтот за јавно здравје каде е направена анализа на сите случаи на хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во периодот од 1 до 31 јануари за 2022 година, претседателот на Комисијата Александар Петличковски вели оти тој имал за цел да ги потврди ризиците за смрт и хоспоталицација не само по однос вакциниран, туку колку време поминало после вакцинацијата.

– И ако по таа основа сметаме повеќе од шест месеци поминато време, ефикасноста на вакцината не е истата со три месеци после вакцинацијата, затоа се издвоени во таа анализа и тие податоци, вели тој додавајќи дека 97 отсто се намалува ризикот за смрт и 91 отсто рзикот од хоспиталицација ако вакцината е примена во последните три месеци, или доколку се работи за вклучена трета доза, рече тој.

Петличковски кажа дека во светот за заокружен циклус на вакцинација се однесува или на три дози или на две дози со прележаност, а трите дози даваат 95 отсто гаранција за заштита од смрт.

Во однос дали Комисијата размислува за ограничување на сертификатите за втората доза, по примерот на ЕУ, Петличковски одговори потврдно.

– Јасно ни е дека треба да се движиме накај трета доза. Во Англија, на пример, над 65 проценти од населението, имаат примено трета доза. Кај нас тој процент е околу пет. Значи тука имаме дупка и нашиот фокус е таа дупка е да ја пополниме. И таму ќе се насочиме, да стимулираме, поттикнуваме вакцинација со трета доза, вели Петличковски.

Мехмедовиќ, пак, на истотот прашање одговори оти направиле куса анализа за тоа како системот тоа би можел да го поддржи.

– Ова како предлог треба да се искомуницира со јавноста и да се види како тоа ќе биде прифатено, меѓутоа, во основа медицинското укажување е дека треба да има ограничување на таа втора доза на вакцинација, рече Мехмедовиќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk