ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Славески со примања од 100.000 се противи работниците да имаат плата од 18.000

February 8, 2022 12:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Функционерот на ВМРО ДПМНЕ, професорот Трајко Славески е претседател на Советот на Град Скопје и наместо 30-тина илјади како другите советници, му следуваат уште 30 отсто, што значи месечната сума му е од 38 до 40 илјади денари. Ако на тоа се дополни и професорската плата која изнесува 50, 60, а можеби и повеќе, тој стигнува до 100-тина илјади денари месечно. Ако се претпостави дека е ангажиран и на некој проект, како што обично знаат да ги имаат професорите, тогаш Славевски месечно заработува и над две илјади.

Оттаму, нејасно е зошто се противи на зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари. Постојат многу семејства кои имаат две минимални плати, па со досегашните 15.000 денари им станува тешко да егзистираат цел месец. Иако не го осетил на своја кожа, сепак Славески мора да знае колку е тешко граѓаните да живеат со една или со две минимални плати, со оглед дека бил министер во владите на Никола Груевски, дека е професор и дека е дел од јавниот живот.

Сепак, неговиот став не успеа да се наметне во јавниот дискусрс за зголемување на минималната плата, па Владата, стопанските комори, сидникатите, односно сите социјални партнери се договорија од следниот месец минималната плата да изнесува 18.000 денари. Со тоа практично за четири години до првата влада на СДСМ, минималната плата се удвои, од 9.000 порасна на 18.000 денари.

Вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, објави дека 13% од вработените во нашата земја земаат минимална плата. Со ова покачување, уделот на минималната плата во просечната плата е 62%, што е највисок просек во Европа и поголем од барањето на синдикатите во преговорите. Најголемиот процент во Европа, на удел на минималната плата во просечната, е во Франција и тој изнесува 50%.

Владата ќе ги субвенционира придонесите од разликата од покачувањето, до крајот на годината, а по дејности над 90% од оние кои ќе бидат поддржани се микро и мали компании.  Ова е солидарно решение со кое им се излегува пресрет и на граѓаните и на стопанството.

На состанокот на социјалните партнери била предложена нова методологија, со која минималната плата ќе се формира половина од порастот на просечната плата и половина од процентот на индексот на живот. Со дополнителен услов, уделот на минималната во просечната плата задолжително да биде над 57% што ќе обезбедува достоинствено и одржливо покачување на стандардот на долг рок.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk