Објавени се номинациите за доделување на Оскарите, а во трката за најдобри филмски остварувања се „The Power of the Dog“ и јапонскиот филм „Drive My Car”
Филмот „The Power of the Dog“ на Netflix доминира со 12 номинации и тоа во сите актерски категории, најдобар филм, сценарио и режија за Џејн Кемпион. Римејкот „Dune“ на Warner Bros има 10 номинации.
Presenting the 94th #Oscars Nominations Show. #OscarNoms https://t.co/Zh1c00Anje
— The Academy (@TheAcademy) February 8, 2022
Во категоријата за најдобар филм е и „Drive My Car“, јапонски филм кој исто така доби номинации за најдобар режисер и сценаристи, заедно со категоријата меѓународни играни филмови.
Листата на најдобри филмови е проширена и на неа се наоѓаат „CODA“, „Don’t Look Up“, „King Richard“, „Licorice Pizza“, „Nightmare Alley“ и „West Side Story“ на Стивен Спилберг, кој е номиниран за најдобар режисер.
Но возбудлив е и фактот за номинацијата на Пенелопе Круз за филмот на Педро Алмодовар.
Норвешкиот филм „The Worst Person in the World“ е номиниран во категоријата на меѓународно остварување, како и во категоријата за најдобро сценарио.
Со нетрпение ја очекуваме највозбудливата ноќ во светот кога филмските ѕвезди совршено ја живеат филмската магија.
И оваа година ќе уживаме во долг црвен килим на кој ќе ги видиме најпрекрасните креации на светските дизајнери -но исто така ќе ги чуеме и големите говори на добитниците кои со сигурност ќе испратат порака во светот.
Членовите на Академијата ќе започнат со гласање на 17 март, а гласањето ќе заврши на 22 март. Доделувањето е закажано за 27 март.
And the Oscar goes to?
Кој е вашиот фаворит?
В.К