ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лукаревска и Мојсоски: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

February 9, 2022 13:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Инвестирањето во спортот со цел подобрување на условите за развој на секој спортист е наша заедничка определба и заложба, истакнаа на денешната прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски.

„Преку ваучерскиот систем изминатите три години поддржуваме спортски клубови и федерации, но и индивидуални спортови, со цел остварување успеси и добри резултати,  интересот е навистина голем, мерката е сѐ повеќе прифатена“, рече Лукаревска.

Врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт, на компанијата, која донира во спортот и се намалува данокот на добивка. Процедурата за донација е пропишана со Правилник, и се одвива целосно електронски преку системот на Управа за јавни приходи, е-даноци. Во 2019 година, 640 компании донирале над 493 милиони денари, на 377 спортски субјекти, во 2020 година 686 компании донирале над 547 милиони денари на 626 спортски субјекти, во 2021 година 601 компании донирале над 400 милиони денари на 689 спортски субјекти.

Лукаревска истакна и дека во време на глобална здравствена криза, општествено одговорните компании ја препознаваат важноста од поддршка на македонските спортисти. Најголемите донации доаѓаат од компании кои вршат дејност: банкарство (6),  изградба на станбени и нестанбени згради (2),  дејности на коцкање и обложување (2),  производство на малтер (1), дејности на управување со фондови (1), дејности на безжични комуникации (1), друго кредитно посредување (1), трговија на големо со фармацевтски производи (1), други дејности на здравствена заштита (1) компјутерско програмирање, (1) производство на фармацевтски препарати, (1) дејности на безжични препарати(1) и др.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски изрази задоволство од соработката со Управата за јавни приходи преку која се реализира оваа мерка и истакна дека преку овој систем спортистите, клубовите и федерациите имаат сигурен партнер во финансирање на нивните програми, овозможување подобри услови и постигнување подобри резултати и реализација.

„Ова е од огромно значење за нивниот професионален развој и напредок. Овозможува да се создадат подобри услови за спортистите и постигнување на одлични спортски резултати. За нашите спортисти од големо значење е ваквата институционална поддршка. И во време на пандемија бележиме раст на реализација на мерката, фантастични 95 проценти, а во иднина во координација со Управата за јавни приходи сме на изнаоѓање на модел за полесна реализација на ваучер системот што би значело средствата кои се доделени преку ваучер системот  директно  да се слеваат на спортските субјекти кои ја користат мерката“, истакна Мојсоски.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бектеши: ТИРЗ Тетово ќе произведува електрична енергија преку фотонапонска централа

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk