Аналитичарот Ненад Јовановиќ демантира дека бил во работен ангажман со Општина Тетово. Веста за која Јовановиќ тврди дека е дезинформација, беше пласирана од порталот „Република“.
„На ден 08. 02. 2022 година, на вашиот сајт „Република.МК“ сте објавиле вест со наслов: „И Ненад Јовановиќ земал пари од Општина Тетово“, што значи дека преку насловот вие имплицитно тврдите дека јас сум земал материјални сретства од 12. илјади денари. И не само што тврдите дека сум земал материјални сретства, вие тврдите дека сум земал во низа (од неколку месеци) материјални сретства од 12. илјади денари.
Категорично ги негирам овие тврдења: никогаш не сум бил во работен ангажман со Општина Тетово.
БАРАМ да го објавите овој ДЕМАНТ, а исто така БАРАМ да ми се извините.
И БАРАМ да ја избришете оваа неточна и клеветничка објава.
Во спротивно, ќе бидам принуден да ве тужам бидејќи:
1.) Никогаш не сум бил во работен ангажман со Општина Тетово;
2.) Пред да ја објавите оваа вест, не ми се јавивте за да ме прашате дали сум јас тоа лице кое е во работен ангажман со Општина Тетово.“, наведува во демантот Јовановиќ.
Порталот излез со, како што тврди Јовановиќ, дезинформација, дека токму тој бил на списикот на сите договори на дело склучени со општина Тетово за 2021 година.