Секој ден се покажува вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Тие се против работниците и покачувањето на платите. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски срамно ги понижува работниците кои работат на каса, реагираат од СДСМ.
– Зарем за Стоилковски работниците кои работат на каса не се доволно вредни? Или мисли исто како неговиот Трајко Славевски дека работниците не заслужуваат поголема минимална плата од 18.000 денари? Никој нема право да ги навредува и понижува луѓето што работат на каса во маркетите. Граѓаните знаат за лицемерието на ВМРО ДПМНЕ и подобро да не ги споменуваат наставниците. Токму ВМРО-ДПМНЕ цела година во Собрание го кочат законот со кој се регулира статусот и се зголемуваат платите на 4.700 наставници!