ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Истражувачката новинарка Елена Милашина избега од Русија по заканите од чеченскиот лидер

February 10, 2022 18:19
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Руските власти треба да ја осигураат безбедноста на новинарката Елена Милашина и навремено да ги истражат заканите упатени од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров кон неа и кон независните медиуми, соопшти Комитетот за заштита на новинарите, пишува Вистиномер.мк.

Уредниците на независниот весник „Новаја газета“ одлучија да ја испратат надвор од државата Елена Милашина, истражувачка новинарка на медиумот кој известува на теми за кршење на човекови права во Чеченија. Ова се случи по заканите што чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ги упати кон неа и засилената политичка реторика во Чеченија, со која се осудија независните медиуми „Новаја Газета“ и „ТВ Дожд“. Ова за Комитетот за заштита на новинари, кој реагираше по повод овие напади, го потврдила и новинарката Милашина на 3 февруари годинава.

За истиот случај на социјалната мрежа Твитер, реагираше и IFEX, светска мрежа во која членуваат 100 невладини организации кои се залагаат за слободно изразување и пристап до информации.

Изјавите на чеченските власти дојдоа откако Милашина и Игор Каљапин, основач на Комитетот за спречување на тортура, известуваа за случај на поранешен федерален судија и неговото семејство, кои, според известувањата на медиумите, биле предмет на закани од чеченските власти. ТВ Дожд, исто така, известувал за овој случај.

Ги повикуваме федералните власти во Русија сериозно да ги сфатат заканите упатени од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров кон новинарката Елена Милашина и да бараат одговорност од него и од другите чеченски претставници, рече Гулноза Саид, програмски координатор на Комитетот за заштита на новинари за Европа и за Централна Азија во Њујорк.

Милашина, „Новаја газета“ и „ТВ Дожд“ ја вршат клучната работа за расветлување настани во Чеченија и не треба да бидат попречувани во нивната работа, а најмалку да бидат цел на закани. Руските власти мора да обезбедат безбедно враќање на Милашина.

Во објава на Телеграм на 23 јануари, Кадиров ја нарекол Милашина „терорист“, побарал нејзино апсење и ја обвинил дека „заработува пари од темите за Чеченската република и Чеченците“. Тој додал и дека чеченските власти „секогаш ги уништуваат терористите и нивните соучесници и ќе продолжат да го прават тоа во иднина“.

На 31 јануари, „Новаја Газета“ објави дека поднесува жалба до Рускиот истражен комитет, барајќи кривична истрага против чеченскиот лидер според член 282 од Кривичниот законик за „поттикнување омраза“.

На 1 февруари, Кадиров објави видео на руската социјална мрежа Вконтакте во кое ги нарекува новинарите на „Новаја Газета“ и „ТВ Дожд“  „терористи“ и повикува да се поведе кривична постапка против нив.

Според медиумските извештаи, на 2 февруари, Исмаил Денилханов, претседател на Јавната комора на Чеченија, зборувал на митинг во главниот град Грозни, каде изјавил дека двата медиума мора да бидат затворени и ги нарекол „непријателски“.

Подоцна истиот ден, либералната радио станица Ехо Москва, во знак на солидарност со Новаја Газета и ТВ Дожд, апелирала преку Телеграм до рускиот претседател Владимир Путин да „се вклучи“ во овој настан.

Во интервјуто што Милашина го дала за „ТВ Дожд“ на 4 февруари изјавила дека редакцијата на „Новаја Газета“ смета дека е висока заканата за нејзината лична безбедност.

На 8 февруари, ТВ Дожд објави дека поднела жалба и до Истражниот комитет во врска со заканите на Кадиров.

Ова не е прв пат Кадиров да ѝ се заканува на Милашина, поранешен дописник на Комитетот за заштита на новинари од Русија. Таа морала да побегне од Москва по заканите од чеченските официјални лица, во 2020 и 2017 година. Таа, според Комитетот за заштита на новинари, била нападната и за време на нејзиното службено патување во 2020 година во главниот град Грозни и претепана во Москва во 2012 година.

 

Next Post

Темната страна на нашите екрани

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk