ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Комерцијална банка: Единствен виновник за стечајот на Еуростандард банка се Трифун Костовски и неговиот менаџерски тим

February 10, 2022 10:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Секој обид на г-динот Трифун Костовски за замајување и дезинформирање на јавноста и за барање виновници за стечајот на Еуростандард банка е залуден затоа што единствени виновници се тој како акционер и претседател на Надзорниот одбор и менаџерскиот тим на банката, велат од Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение.

„Костовски во секое негово обраќање покажува дека е или комплетно неинформиран за работењето на Еуростандард банка и не е упатен во банкарското работење воопшто или, пак, намерно ја извртува вистината. Досега се изначитавме дека виновни му се гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, поранешниот премиер Зоран Заев, техничкиот премиер Оливер Спасовски, Комерцијална банка… Значи, според него, виновни се сите други освен поранешните акционери и менаџментот на Еуростандард банка. Каков апсурд и лага.

Пред точно една година Комерцијална банка ја објави својата последна реакција во врска со небулозите и лагите на Трифун Костовски и затоа во оваа прилика сакаме само да потсетиме дека Костовски повторно заборава дека тој и неговиот раководен тим се единствените потписници на одлуките и налозите со кои се одобрувани кредити кои не можеа да се наплатат и затоа тие се главните виновници за пропаѓањето на Еуростандард банка.

И повторно, свесно или не, г-динот Костовски или лаже или не знае и ја дезинформира јавноста за продажбата на зградите Палата Македонија и Поштенска банка во постапката за извршување на имот ставен под хипотека во Комерцијална банка за кредити дадени на неговата фирма Гофи. Зградата Поштенска банка е веќе продадена минатата година на друг субјект, а не на Централна кооперативна банка, што денес може да го види во Катастарот. Залудно се обидува Костовски да вовлече нови правни субјекти, кои немаат никаква врска со тоа, во неговата приказна и лажни манипулации. Втората зграда, Палата Македонија, исто така, е продадена на лицитација од извршител, на која учествуваа двајца лицитанти, за 1,83 милиони евра. Продажната цена е за над 30.000 евра повисока од цената по која своевремено неговиот син Коста Костовски направил и преддоговор за продажба. Би било многу интересно да објасни како тоа кога Коста Костовски продава по помала цена, тоа е пазарно, а кога се продава на лицитација по повисока цена, тоа било „под објективната пазарна цена“??? Навистина невидени глупости.

Костовски слободно нека продолжи да ја замајува јавноста со дезинформации и шпекулации, но тоа нема да ја промени вистината за пропаѓањето на Еуростандард банка. Ако и понатаму смета дека има основ, нека си тера постапки пред надлежните домашни, па и меѓународни судови“, пишува во соопштението на Комерцијална банка АД Скопје.

Next Post

ЗОИ: Валиева позитивна на допинг, Русија може да остане без златниот медал во уметничко лизгање

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk