ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предлозите за укинување на „пржинската влада“ и на апанажата не поминаа во Собранието

February 10, 2022 13:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред усвојување на дневниот ред на денешната 62. седница, пратениците не го прифатија предлогот на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се донесе предлог законот за изменување на Законот за владата, со кој се предвидува укинување на „прижинската влада“. За предлогот гласаа 32 пратеници, 55 против, а немаше воздржани, по што претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека предлогот не е усвоен.

Пратениците со 47 гласа „за“, 33 „против“ и без воздржани го усвоија Предлог-законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, поднесен од: Петар Ристески, Зоранчо Јованчев, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска, Ане Лашкоска, Златко Пенков.

Петар Ристески образложи дека целта на предлог-законот е да се надминат проблемите, да се обезбеди правна сигурност при откупот на тутунот и да се допрецизира третманот на неферментираниот тутун.

Потоа Џафери ја здолжи Комисија за земјоделство, шумарство и водостопантсво како матично тело да расправа по законот.

Беше повлечен Предлог-законот за изменување на Законот за семејство, поднесен од Димитар Апасиев и  Борислав Крмов, кој треба да се донесе по скратена постапка. Апасиев образложи дека го повлекува законот бидејќи во текот на вчерашниот ден е остварена комуникација со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и најави дека следната недела ќе има средба во МТСП.

Не беше усвоен Предлог – законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката од Левица, кој има за цел укинување на апанажата. За гласаа 16 пратеници, против беа 13, а воздржани немаше.

Во процедурална забелешка Талат Џафери објасни рече зошто гласал против овој закон. Посочи дека Собранието не е локална самоуправа каде функционира врз доброволна основа, без надоместоци и рече дека на крајот на мандатот функционерите ја користат законската можност.  Нагласи дека гласал „за“ Законот за тутун зошто тутунопроизводителите се занимаваат со една од најтешките работи во земјоделството, од утро до мрак.

Тој рече дека не го поддржал законот за Влада зошто една година се води, како што рече, меѓупартиски договор за да се излезе со договор. Го повтори ставот дека тој закон треба да се донесе откако ќе го потпишат сите координатори на пратеничките групи, најголеми. Смета дека законот е неуставен.

Извор: МИА

Next Post

СЕММ: „Фронтлајн“ со текстот насловен „Бетмен распали по Данела и БЕГ: Најнеспособни суштества од постоењето на светов“,  го прeкрши Кодексот на новинарите

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk