ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Рускиот генерал Ивашов порача дека на Путин треба да му се суди како на главните воени злосторници во Нирнбершкиот трибунал

„Денес, се разбира, многу зависи од Путин. И му треба некој нормален – јас не гледам нормални луѓе околу него - да дојде и да му каже: ‘Владимир Владимирович, последиците ќе бидат вакви, и Вам дефинитивно ќе Ви се суди, како што им се судеше на главните воени злосторници во Нирнбершкиот трибунал’. Не само за ова. А потоа ќе има судење и за урнатиот Боинг, загадувањето на екологијата на планетата и слично“ – изјави рускиот генерал-полковник Ивашов.

February 10, 2022 15:45
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генерал-полковник Леонид Ивашов, претседател на „Серуското офицерско собрание“, во интервју со водителот на радио станицата „Ехо Москва“ го објасни својот неодамнешен резонансен повик до рускиот претседател Владимир Путин да поднесе оставка.

Соговорникот на новинарите им нагласи дека не изразил лично мислење, туку „јавното мислење на ветераните од воената служба“, и советот на „Серуското офицерско собрание“. Според него, организацијата спровела анкета на пензионираните службеници, и повеќе од 70% од испитаниците го поддржале текстот на изјавата.

Ивашов, наведувајќи дека Путин е „уморен од Русија“, нагласи дека заедно со истомислениците бара негова оставка како врховен главен командант, не само затоа што Русија поради игрите на политичарите може да започне војна со Украина која на никој не му е потребна, а затоа што земјата се покажа дека е „на работ на исчезнување“.

„Кога Путин не одговара за ништо, им префрла на регионите (…), системот на владеење и темелите на државноста се уништуваат, а тоа стана главна линија на активност на претседателот Путин, барем на неговиот тим, ако воопшто можеме така да го наречеме“, објасни тој.

Според генералот, државата се распаѓа. Домородното население се намалува како последица од лошите политики.

„Има систематско истребување на домородното население. Тоа се случува програмски. Погледнете на десет ‘руски’ региони. За време на владеењето на Путин, населението во овие региони е намалено во просек за 20% од жителите. Некои [региони] имаат луди овластувања, тие дури и не му се потчинуваат на Кремљ, додека други ги притискаат и така натаму – погледнете го финансирањето. Државата се распаѓа. Затоа бараме: оставка. За утре да не се разбудиме како во времето на Елцин, со овој најголем криминалец, и да го нема Сојузот“ – изјави Ивашов.

Пензионираниот генерал претпостави и дека причината за воената тензија на Русија на границата со Украина лежи во внатрешните проблеми на земјата, која се наоѓа „во системска криза“.

„Путин нè направи целосна периферија; ние никаде немаме самостојност. Како цивилизација веќе завршивме – како држава ќе престанеме да постоиме по оваа авантура. Тоа ќе бидат дејства од големи размери, нема да биде лесна прошетка. Има сили на Запад кои би сакале вечно непријателство меѓу Украина и Русија, а за ова мора да се пролее крв.“

Шефот на собранието, исто така, претпостави дека оставката на Путин ќе ѝ даде на Русија „уште една мала шанса да ја зачува својата државност“ и дека секој од 40-милионското руско „машко население на изборна возраст“ ќе се справи со раководството на земјата подобро од нејзиниот сегашен шеф.

„Денес, се разбира, многу зависи од Путин. И му треба некој нормален – јас не гледам нормални луѓе околу него – да дојде и да му каже: ‘Владимир Владимирович, последиците ќе бидат вакви, и Вам дефинитивно ќе Ви се суди, како што им се судеше на главните воени злосторници во Нирнбершкиот трибунал’. Не само за ова. А потоа ќе има судење и за урнатиот Боинг, загадувањето на екологијата на планетата и слично“ – изјави рускиот генерал-полковник Ивашов.

 

Next Post

Започна состанокот на работната група меѓу Бугарија и Северна Македонија за соработка во инфраструктурата, транспортот и поврзувањето

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk