ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Скопскиот аеродром повторно со признание во иницијативата „Гласот на клиентот“ на ACI WORLD

February 10, 2022 11:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот Аеродром Скопје повторно се стекна со признание од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI – Airports Council International World) во иницијативата наречена The Voice of Customer или Гласот на клиентот, со која се препознаваат и им се оддава признание на аеродромите што вложиле и покажале значајни напори во собирање повратни информации од патниците преку програмата за Квалитет на аеродромските услуги (ASQ) на ACI, која што им помага на аеродромите подобро да ги разберат нивните клиенти и да им испорачаат супериорно искуство под моменталните околности.

„Воодушевени сме што Меѓународниот Аеродром Скопје е препознаен и признаен од страна на Меѓународниот совет на аеродроми повторно, втор пат по ред откако оваа иницијатива започна во 2020 година, како аеродром што ги слуша мислењата на своите клиенти и покрај сè уште присутните околности во време на пандемија. Меѓутоа, без разлика на околностите, задоволството на нашите клиенти секогаш е наш врвен приоритет. Преку aнкетите за Квалитет на аеродромските услуги на ACI ние сме поблиску до нашите клиенти бидејќи слушањето на нивните мислења и коментари навистина ни помагаат да ги подобриме нашите услуги со само една цел пред нас, а тоа е да ги исполниме потребите и очекувањата на патниците кои што патуваат преку нашите аеродроми и во исто време да направиме тие да се чувствуваат безбедни и релаксирани.“ изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Според информациите од ACI, скопскиот аеродром е еден од преку 200 аеродрома на светско ниво што даваат приоритет на слушање на клиентите за време на пандемијата и што се стекнаа со ова признание. Меѓународниот Аеродром Скопје припаѓа во група од 86 аеродроми во регионот на Европа; потоа следат 73 аеродроми во Азиско-Пацифичкиот регион, 32 аеродрома од Северна Америка, 16 аеродроми од Латинска Америка-Кариби, 10 аеродроми од Африка и 8 аеродроми од Блискиот Исток.

„Пандемијата причини значителни промени во човечкото однесување и предизвика сосема нов збир на очекувања кои влијаат на тоа како треба да се доживуваат производите и услугите – од приоретизирање на здравјето до зголемена дигитализација, како што се бесконтактните услуги. „Гласот на клиентот“ ја потенцира тековната заложба на аеродромите со цел да ги разберат еволуирачките очекувања на крајниот корисник, јавноста што патува, во овие предизвикувачки времиња“, изјави Генералниот директор на ACI, Луис Фелипе де Оливеира.

ТАВ Македонија ја заврши 2021 година со вкупно 1.392.378 патници кои патувале преку двата аеродрома, Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Оваа бројка, споредена со 2019 година (2.677.618), како референтна година, или година пред пандемијата, покажува 48% пад во патничкиот сообраќај, додека споредено со 2020 година, кога вкупната бројка на патници беше 782.876, прикажува 78% пораст во бројот на патници.

Next Post

Ана Андреева е новa раководителка на комуникацискиот сервис на Владата

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk