ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Сè уште се обидувам да разберам зошто настаните од минатото имаат толкаво влијание денес

February 11, 2022 20:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Euronews говорејќи за актуелни прашања поврзани со односите со Република Бугарија, посочува дека сè уште се бори да најде оправдување зошто настаните што се случиле во далечното минато имаат толку несразмерно влијание врз судбината на неговите граѓани денес.

-Не можам да му објаснам на просечен македонски гласач или граѓанин колку е важно да влеземе во ЕУ – организација основана во 1957 година, во 20-иот век – каква етничка припадност бил Гоце Делчев или некој друг херој-основоположник, како цар Самуил пред десет века, вели тој за Euronews.

И додеката дебатата за македонскиот идентитет што доведе Бугарија да стави вето на пристапот на нејзиниот сосед во ЕУ, која, како што се посочува во написот на Еуроњуз, влезе во третата година, македонскиот претседател посочува дека сè уште верува дека новоизбраните премиери Петков и Ковачевски можат да го решат ќор-сокакот, како „млади луѓе кои доаѓаат надвор од политичкиот мејнстрим [кои] зборуваат различен јазик“, но, при тоа, изразува загриженост дека улогата на ЕУ како решавач на проблемите во спорот можеби е на удар.

-Можам да ви кажам дека падот во Северна Македонија е поголем од каде било во која било друга земја од Западен Балкан, рече Пендаровски. Ако ги погледнете анкетите, има пад од 20 или 25 отсто откако го спроведовме референдумот за промена на името, додава Пендаровски.

Тој потсетува дека Северна Македонија веќе прескокна значителни пречки за да ја покаже својата посветеност за пристапување во Унијата со решавањето на спорот со Грција за името (Преспанскиот договор), за потоа да се јави прашањето со Бугарија.

Билатералниот договор за добрососедски односи од 2017 година, потпишан од премиерите Заев и Борисов, се сметаше за важен момент во постојано растечките позитивни ставови меѓу двајцата, потсети Пендаровски.

-И после тоа, одеднаш – сè уште не знам кој е главниот мотив кој стои зад тоа – почнаа да зборуваат за историјата, за тоа дека историјата е предуслов за напредок кон Брисел, и, можам да ви кажам дека сите ние на овој крај на овој политички јаз, или дискусија ако сакате, беа фатени  во тесно и неподготвени… Дури и денес, навистина не сум сигурен за вистинските мотиви на нивната страна, зошто историјата беше толку важна за нив. Тоа никогаш не му се случило на ниту еден друг кандидат за членство во ЕУ, рече Пендаровски.

Тој се осврнува и на заморот околу интеграцијата во ЕУ, што е, вели, најлошо чуваната тајна во Брисел, но, посочува, постои замор и кај нас бидејќи 17 години сме со статус на земја кандидат за членство.

-Знаете, нам ни е преку глава од сите овие приказни дека сме географски дел од Европа. Би сакале конечно да бидеме институционален дел од Европа. Нема да се откажеме. Тоа е сигурно…Но, можам да ви кажам дека, доколку уште едно одложување се случи повторно, тогаш, од јуни натаму, проевропските сили и проевропските политичари или реформисти нема да победат на други избори во оваа земја, оценува Пендаровски.

извор: МИА

Next Post

СЗО: Акутната фаза на пандемијата може да заврши оваа година, под еден услов

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk