ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Пендаровски: Треба да се изгради системска, но и лична отпорност кон дезинформациите

February 11, 2022 11:26
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имаме потреба од повисоко ниво на медиумска писменост и едуцирање за дезинформациите во нашите основни и средни училишта зашто младата популација е таргетот. Организиран пристап ќе ни овозможи да создаваме генерации кои ќе бидат поотпорни кон лажните вести и оспособени да ги формулираат своите ставови преку критичко размислување засновано врз проверени информации. Потребно е да обезбедиме и подобри услови за професионално и независно работење на медиумите што подразбира имплементација на најдобрите европски практики, порача претседателот Стево Пендаровски.

Во воведно обраќање на конференцијата „Информации против дезинформации: Градење отпорност кон дезинформациски практики во постковид-опкружување во Северна Македонија“, организиран од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија, шефот на државата рече дека во време кога изворите на информации се многубројни и социјалните медиуми масовно се користат за комуникација, интернетот од платформа за информирање може многу лесно да стане платформа за дезинформирање, за ширење лажни вести и пропаганда.

Дезинформациите најчесто не се наивни и случајни, посочи тој, туку се производ на планиран и организиран пристап кон одредена тема, ја поларизираат јавната дебата, со цел да се замагли јавната перцепција за битни прашања и да го подигне нивото на конфликтност во општеството, да ја еродира општествената кохезија и преку тоа да влијае на политичките процеси откако ќе ја наруши довербата на граѓаните во демократските институции.

-Намерите најчесто се на долг рок и систематски да се манипулира јавноста со пласирање погрешни информации, полувистини, извртени факти или комплетно фабрикувани вести со крајна цел да послужи за интересите или целите на одредени државни и недржавни ентитети кои имаат свои специфични агенди, рече Пендаровски, кој како пример ги посочи дезинформациите во пандемијата на глобално ниво или т.н. инфодемија кои влијаат на ефикасноста на мерките и политиките за справување со пандемијата, го зголемија колебањето на луѓето во однос на вакцинирањето и поставија сцена за појава на најневеројатни теории на заговор.

Дезинформациите не се изум на 21 век, рече шефот на државата, но дигитализацијата и глобалната поврзаност ја направија употребата на дезинформациите исклучително моќно оружје од арсеналот на хибридните техники на дејствување.

 

– Дезинформациите може да ја дестабилизираат и самата држава и затоа не случајно развиените демократии нив ги третираат како закана за националната безбедност. Последниве неколку години и ние ги идентификуваме и третираме дезинформациите како една од приоритетните закани по нашата национална безбедност. Потребата за кревање на свесноста за нивното постоење и нивните ефекти го заслужува нашето полно внимание како општество и како држава, истакна Пендаровски.

Посочи и дека нашата држава во пандемијата се справувала со поткопување на довербата на граѓаните во НАТО и ЕУ односно со организирана кампања на дезинформирање чија цел, рече, имала да го сврти јавното мислење наспроти евроатлантските организации со интензивна употреба на квазиаргументи дека тие не и помагаат на Северна Македонија во време на пандемијата.

-Целта на оваа хибридна стратегија беше јасна, граѓаните да почнат да размислуваат за некои други алтернативни организации кои, наводно, би биле многу поподготвени да ни помагаат во секое време, додаде Пендаровски.

Претседателот порача дека зајакнувањето на отпорноста кон дезинформациите е комплексна задача затоа што треба да се изгради системска, но и лична отпорност кон нив, а тоа може да се постигне, рече тој, само со блиска соработка меѓу државните институции, образованието, граѓанските организации и медиумите. /MИА/. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk