Со овие исти раце со кои се милува љубената по косата и песот низ крзното,
со кои се мавта за поздрав и им се испраќаат бакнежи на оние што заминуваат или на оние што остануваат…
Рацете работат, градат, создаваат, и потоа повторно го уништуваат и рушат она што го создале.
Луди раце.
Рацете ги фаќаат рацете, се уверуваат со стисок за меѓусебното пријателство, за братството и солидарноста и за верноста до смрт, потоа рацете стануваат противници на рацете, се борат против рацете, ги осакатуваат рацете.
Рацете ги убиваат рацете. Рацете на убиецот.
За сѐ се криви рацете, јасно е.
А да ги нема рацете? Би ни се издолжиле носовите во сурли убиствени, би биле мали двоножни, зли слонови!
Ранко Маринковиќ (1913-2001) е хрватски книжевник од островот Вис, Хрватска.
Избор: Тања Кармзова Костиглиола