Бутик хотелот Свети Никола продолжува со промоција на крушевските писатели. Најнов автор во лобито на хотелот е младата Ирена Блажеска со две свои дела.
Хотелот и пицерија Скар Крушево ќе го поддржат објавувањето на книгите: „Недореченост“ и „Тивка далечина“ од Ирена Блажеска.
Како што најавуваат во печатница е уште едно авторско дело на Ирена кое ќе биде публикувано со поддршка на Свети Никола Бутик Хотел и пицеријата Скар Крушево.