Поголем дел од Скопје попладнево остана без напојување со електрична енергија. Струја нема во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Ѓорче Петров.
Според јавувањата на граѓаните прекини на снабдувањето со електрична енергија има и во Штип, Велес, Свети Николе, Македонски Брод, и други општини низ земјата.
Граѓаните се жалат дека им прегореле апарати за домаќинството поради исклучувањето и вклучувањето на електричната енергија повеќе пати во текот на половина час.
Службата за корисници на ЕВН не се јавува на телефон, а од ЕВН засега нема официјално соопштение која е причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија.
М. А.